Шведска воведе задолжително носење маски во јавниот сообраќај откако има најмногу мртви во еден ден


Шведските власти денеска презедоа мерки против вирусот корона, препорачувајќи патниците да носат маски во јавниот превоз за време на сообраќаен метеж, откако скандинавската земја забележа рекорден број на смртни случаи за еден ден – 243.

Упатствата за носење маски во земјата која го одбиваше воведувањето на рестриктивни мерки во борбата против пандемијата доаѓа само еден ден откако Националната здравствена агенција препорача здравствените работници да носат маски, објави Ројтерс.

Во средата, Шведска регистрираше 8.846 нови случаи на коронавирус и 243 смртни случаи, што е најголем број на смртни случаи од почетокот на пандемијата, иако здравствената агенција предупреди дека статистичките податоци за време на Божиќ не биле точни поради помалку тестови и доцнења со пријавување на смртни случаи.