Лавров од Анталија изјави дека е време да се разговара со САД за идните економски односи


На самитот во Анталија, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 18 април 2026 година изјави дека е дојдено време да се разговара со Соединетите Американски Држави за идните економски односи на двете земји, иако, како што нагласи, сè уште постојат разлики меѓу нив. Сергеј Лавров рече дека смета дека сега е време Москва […]

Ново влошување на ситуацијата: Иран повторно го блокираше Ормускиот Теснец


Здружената воена команда на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) издаде соопштение во кое тврди дека контролата врз Ормускиот Tеснец сега „се вратила во претходната состојба“, бидејќи Американците изјавија дека нивниот потег за деблокирање на теснецот нема да значи крај на американската блокада на иранските пристаништа. Во соопштението објавено од иранската радио-телевизиска станица ИРИБ, командата […]

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта


Администрацијата на Трамп во вторникот го продолжила за еден месец исклучокот од забраната за купување санкционирана руска нафта и нафтени производи натоварени на бродови на море, во обид да го ограничи порастот на глобалните цени на енергијата кои достигнаа рекордни максимуми за време на американско-израелската војна против Иран, објавија британските медиуми. Американското Министерство за финансии […]

Американската војска ги предаде сите главни бази во Сирија


Американската војска го заврши предавањето на сите главни бази во Сирија, потврди во петок Централната команда на САД (CENTCOM). Американските сили продолжуваат да ги поддржуваат партнерските напори за борба против тероризмот за да се обезбеди безбедноста во регионот, изјави портпаролот на CENTCOM како одговор на барањето за коментар. Сириската влада претходно објави целосно повлекување на […]

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина од Британците се за повторно влегување во ЕУ


Поддршката за повторно приклучување кон Европската Унија, не само кон единствениот пазар, расте меѓу британските гласачи, при што повеќе од 80 проценти од гласачите на Лабуристичката партија, Либерално-демократската партија и Зелените ја поддржуваат оваа опција, покажува анкета за ставовите на гласачите десет години по референдумот за Брегзит. Експертите предупредуваат дека „резервираниот“ пристап на Лабуристичката партија […]

Три земји од ЕУ бараат раскинување на договорот со Израел: „Ги кршат човековите права“


Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската комисија да покрене дискусија за евентуалното суспендирање на Договорот за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, објави денес шпанскиот медиум „Кадена Сер“. Министрите за надворешни работи на трите земји испратија заедничко писмо до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас. Во писмото тие бараат итна ревизија […]

Кир Стармер се соочува со „судниот ден“ околу дебаклот со Питер Менделсон


  Тврдењето на британскиот премиер Кир Стармер дека бил „запрепастен“ што не бил информиран за неуспехот на проверката на осрамотениот амбасадор во САД, Питер Манделсон, предизвика неверица низ Вестминстер и обвинувања дека отпуштил висок државен службеник за да го спаси своето премиерско место. Високи владини претставници изјавија дека премиерот се соочува со „судниот ден“ следната […]

Тиса на Петер Маѓар го зголеми бројот на мандатите, стигна до 140


  Поразот на Виктор Орбан и неговата партија Фидес станува уште поголем додека се бројат гласовите што стигнале по пошта и од гласањето во странство. Тоа се однесува на натпреварите по изборни единици. Во денешното конечно пребројување на гласовите во изборната единица јужно од Будимпешта кандидатката на Тиса го победила претставникот на Фидес за нешто […]

Мистерија во САД: 11 научници и воен персонал починале или исчезнале без трага


Републиканскиот претставник од Мисури, Ерик Бурлисон, повикува на истрага на ФБИ, додека Белата куќа ги истражува смртните случаи и исчезнувањата на десет научници вклучени во тајни нуклеарни и воздухопловни истражувања. На нивните случаи сега им се придружува и 11-ти – оној на Ејми Ескриџ, научничка од Алабама која почина во 2022 година, што предизвикува загриженост за […]

Иран го отвори Ормускиот теснец за бродовите


  Иран во петокот соопшти дека целосно го отворил Ормускиот теснец за комерцијални бродови, но претседателот Доналд Трамп рече дека американската блокада врз иранските бродови и пристаништа „ќе остане во полна сила“ сè додека Техеран не постигне договор со САД, вклучително и за неговата нуклеарна програма. Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, објави […]

Салвини: ЕУ ни вели да го исклучиме греењето, дали се нормални


Италијанскиот заменик премиер и министер за сообраќај Матео Салвини денеска изјави дека претставниците на Европска Унија не се нормални. Неговата изјава уследи откако ЕУ предложи исклучување на греењето во домаќинствата и канцелариите, со цел да се ублажи кризата со горивото и високите сметки поради војната во Иран. – Предлозите на Брисел за надминување на високите […]

Иран: Ормускиот теснец е „целосно отворен“


Иран прогласува дека Ормускиот теснец е „целосно отворен“ сè додека трае прекинот на огнот во Либан. Прекинот на огнот поддржан од САД започна доцна вчера попладне по локално време. „Во согласност со прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални бродови низ Ормускиот теснец е прогласен за целосно отворен за преостанатиот период на прекин […]

Унгарија би можела да создаде услови за воведување на еврото до 2030 година


 Економскиот тим на партијата Тиса, која победи на неодамна одржаните парламентарни избори, денеска објави дека Унгарија би можела да ги исполни условите за воведување на еврото во рок од четири години. Андраш Карман, кој е одговорен за финансиите во Тиса, изјави дека е потребно детално да се разгледа фискалната состојба на земјата и да се […]

Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на Орбан


Победникот на унгарските избори, Петер Маѓар денеска изјави дека се уништуваат документи од владата во заминување на Виктор Орбан и повика на пријавување на такви инциденти. Тој додаде дека е отворена онлајн платформа за пријавување на свиркачите. Маѓар наведе дека добива извештаи за уништување документи во министерствата и владините агенции, како и во компаниите кои […]

Филмски грабеж во Италија: Крадци носеле маски со ликови од познати актери


Неколку вооружени мажи ограбиле банка во Неапол, Италија носејќи маски од познати актери и држеле 25 лица како заложници пред да избегаат низ канализациски тунел. Инцидентот се случил во четврток околу 10 часот по локално време во филијала на банката, а разбојниците ги ограбиле сефовите на банката од кои зеле накит, пари и вредни предмети […]

Сирискиот претседател Ал-Шара тврди дека преговорите со Израел се тешки: „Сакаат да останат на наша територија“


Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во интервју за турските медиуми изјави дека преговорите меѓу Сирија и Израел не се во целосен застој, но дека се соочуваат со значителни тешкотии поради, како што наведува, инсистирањето на Израел да остане на сириска територија. Ахмед ал-Шара нагласи дека сегашниот тек на преговорите меѓу Сирија и Израел не значи нивно […]

Иран: Не прифаќаме никакoв привремен прекин на огнот, сакаме крај на војната во целиот регион


Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Саид Хатибзаде изјави дека Техеран отфрла какво било привремено прекин на огнот и бара сеопфатен крај на војната во целиот регион. Во разговор со новинарите на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, Хатибзаде рече дека секое прекин на огнот мора да ги опфати сите жаришта на конфликт „од Либан до […]

Зеленски за гаранциите од САД: Не сме идиоти, знаеме што значи да го дадеме Донбас!


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги отфрли сугестиите дека безбедносните гаранции на САД би биле условени со откажување на Украина од Донбас. Неколку западни медиуми објавија дека Вашингтон ги условува безбедносните гаранции со предавањето на источноукраинскиот регион Донбас на Русија, а самиот Зеленски го потврди ова. „Тие велат дека гаранциите ќе дојдат дури откако ќе […]

Поранешниот претседател на Мјанмар ослободен во масовна амнестија


 Поранешниот претседател на Мјанмар, Вин Мјинт, е ослободен во рамки на масовната амнестија на политички затвореници во земјата што воената хунта ја спроведе по повод новогодишните празници. Вин Мјинт беше приведен по воениот пуч извршен на 1 февруари 2021 година, заедно со тогашната де-факто лидерка Аунг Сан Су Чи, и подоцна беше осуден на повеќе […]

Куба се обиде да достави тајна порака до Трамп


Во невообичаен обид да стигнат до американскиот претседател Доналд Трамп, кубанските власти ангажираа бизнисмен лично да достави писмо до Белата куќа минатата недела, заобиколувајќи ги нормалните дипломатски канали. Аналитичарите го толкуваат потегот како обид да се заобиколи државниот секретар Марко Рубио, иако не е јасно дали пораката некогаш стигнала до претседателот, пишува The Wall Street […]