Тиса на Петер Маѓар го зголеми бројот на мандатите, стигна до 140
Поразот на Виктор Орбан и неговата партија Фидес станува уште поголем додека се бројат гласовите што стигнале по пошта и од гласањето во странство. Тоа се однесува на натпреварите по изборни единици.
Во денешното конечно пребројување на гласовите во изборната единица јужно од Будимпешта кандидатката на Тиса го победила претставникот на Фидес за нешто повеќе од илјада гласови. Иако тој водеше со 170 гласови по првичното пребројување во неделата. Но потоа стигнаа гласовите од странските мисиi.
Со ова Тиса на Петер Маѓар ќе има неверојатни 140 мандати од 199 во собранието, а Фидес само 53. Националистичката Наша татковина има шест мандати, сите освоени на пропорционалната листа. За двотретинско мнозинство се потребни 133 мандати. Овој резултат на Тиса е подобар од најдобриот на Фидес во 16-те години владеење, кога имаше 135 мандати.