Тела на руски војници ги полнат мртовечниците  во Белорусија


  Телата на руските војници загинати во битката во Украина ги полнат мртовечниците во Белорусија, изјавија локалните жители за РСЕ. Руските војници убиени во битка се носат со камиони во мртовечниците, а потоа се враќаат во Русија со воз или авион, велат жителите. Жителите го опишаа ужасот кога ги виделе телата натоварени во воз во […]

Папата Франциско побара да запре „масакрот“ во Украина


  Папата Франциско ја упати својата најостра осуда досега за руската инвазија на Украина, велејќи на 13 март дека „неприфатливата вооружена агресија“ мора да престане. Зборувајќи пред илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар за неговиот неделен благослов, Франциско исто така рече дека убивањето на деца и невооружени цивили е „варварско“ и без „валидна стратешка причина“. […]

Новинар на „Њујорк тајмс“ убиен во близина на Киев, руските сили пукале врз автомобилот


Новинар на „Њујорк тајмс“ е убиен во близина на Киев, потврди началникот на регионалната полиција. Наградуваниот видео новинар Брент Рено (51) беше застрелан кога руските сили отворија оган врз автомобил во близина на Ирпин. Друг новинар со него во тоа време бил однесен во болница на лекување по нападот, пишува „Гардијан“. Според зборовите на повредениот […]

Кулеба: Русите киднапираа уште еден украински градоначалник


Руските сили го киднапираа градоначалникот на јужниот град Дњепрорудне, Јехвен Метвејев, соопшти украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба. Кулеба рече дека Метвеј бил киднапиран од „руски воени злосторници“. – Напаѓачите не добиваат никаква локална поддршка, па се свртуваат кон терор. Ги повикувам сите држави и меѓународни организации да го запрат рускиот терор врз Украина и демократијата, […]

Домовите на руските олигарси би можеле да се користат за сместување украински бегалци во Велика Британија


Домовите на руските олигарси во Велика Британија против кои се воведени санкции би можеле да се користат за сместување бегалци од војната во Украина, изјави британски министер. Во изјава за Би-Би-Си, државниот секретар за домување и заедници, Мајкл Гоув рече дека сака да истражи опција која ќе им дозволи на британските власти да ги користат домовите и […]

Бројот на загинати во ракетирањето на украинската воена база е зголеми на 35 лица


Триесет и пет лица загинаа во воздушен напад врз воена база во Лавов, изјави регионалниот гувернер Максим Козицки. Според претходните податоци, бројот на убиените е девет. Воениот центар Јаворив рано утринава бил погоден со 30 руски проектили, соопштија украинските власти. Локалните медиуми пишуваат дека се повредени 134 лица. Тоа е најзападниот воздушен напад во конфликтот […]

Русија се обидува да воспостави своја власт во Херсон


Како резултат на нападот на нашата земја, Украина, руското раководство всушност ја претвора својата држава во аналог на таканаречените „ДНР“ и „ЛНР“. На голема зона која е изолирана од целиот свет, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата. – Погледнете сега кој ја напушта Русија. Кој го изнесува својот бизнис. Тоа се професионалци кои […]

Во Кина рекорден број новозаразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата


Во Кина денеска се регистрирани 3.393 случаи на заразени со коронавирусот, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година. Поради големиот скок во бројот на случаи низ целата земја, властите ги затворија училиштата во Шангај и заклучија неколку градови во североисточниот дел на Кина, додека повеќе од десет провинции […]

Путиновата „математика“ не се остварува во Украина


И покрај тоа што Кремљ тврди дека руската армија влегла во земјата како „ослободителска“, таа безмилосно ги напаѓа  украинските цивили. Бомбардираше станбени области, училишта, болници, комерцијални објекти низ целата земја и ги прекрши договорите за отворање на хуманитарни коридори за евакуација. Руската армија, исто така, отиде толку далеку што ги нападна украинските нуклеарни централи во Чернобил […]

„Анонимуси“ со видео порака за руските граѓани: „Отстранете го Путин од власт“


Во новата порака објавена на Твитер, хакерската група „Анонимуси“ ги повика граѓаните на Русија да го тргнат Путин од власт и на тој начин да го запрат крвопролевањето во Украина. Хакерската група Анонимуси преку Твитер објави нова порака, специјално дизајнирана да допре до руските граѓани, во која наводно ги повикува Русите да застанат против Путин […]

Автобус со десетици Украинци излетал од пат и се превртел, загина едно лице


Автобус со околу 50 Украинци слета од пат во Италија, при што загина едно лице, а неколку се повредени, соопштија пожарникарите во неделата. Несреќата се случила на автопатот меѓу Чезена и Римини, на североисточниот брег. 🔴 #Bus #Ucraina, #vigilidelfuoco impegnati con due autogru per sollevare il mezzo ribaltato [#13marzo 9:30]#A14 Forlì-Cesena pic.twitter.com/avIfDarEci — Vigili del […]

Војната во Украина дојде на 25 км. од ЕУ, најмалку 35 загинати во напад врз воена база кај Лавов


Медиумите јавуват за повеќе загинати и ранети лица во нападот врз Меѓународниот центар за мир и безбедност во близина на Лавов, во западна Украина, на само 25 километри од границата со ЕУ.  Првично, гувернерот на Лавовската област изјави дека во нападот на воената база на Меѓународниот центар за мир и безбедност загинале девет лица, а […]

Нова украинска заседа за руски тенкови (Видео)


  Ова е моментот кога украинските војници им поставија нова заседа на руските тенкови, откако употребија противтенковски ракети до смртоносен ефект – откако претседателот Влодимир Зеленски изјави дека 500 руски војници се предале во еден ден во четвртокот. Драматичната снимка од заседата – втора за три дена – наводно покажува најмалку еден руски тенк и […]

Засега нема информации за загинати во нападот на воениот центар кај Лавов


Портпаролот на украинската армија Антон Миронович изјави дека засега нема информации дека некој е убиен во нападот на воениот центар западно од Лавов, пренесува Интерфакс Украина. Овој напад е значаен бидејќи е блиску до Полска и се смета за предупредување до НАТО, кој често ја користи базата како место за обука. Лавов и неговата околина […]

Нападнат и аеродром кај Ивано-Франковск, 114 километри јужно од Лавов


Руските сили утрово го нападнаа аеродромот кај градот Ивано-Франковск, потврди градоначалникот на градот Руслан Марцинкив. – Според прелиминарните информации, експлозиите што се слушнаа утринава се од напад на аеродромот, соопшти Марцинкив на Фејсбук. – Ве потсетувам дека целта на непријателот е да сее паника и страв, нагласи тој. Градот е на околу 114 километри јужно […]

Столтенберг: Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Русија може да употреби хемиско оружје во инвазијата врз Украина и оти таквиот потег би бил воено злосторство. Столтенберг за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ изјавил дека Кремљ измислува лажни изговори за да ја оправда можната употреба на хемиско оружје. – Последниве денови слушнавме апсурдни тврдења за […]

Сирени за воздушен напад во повеќе градови во Украина


Сирени за воздушен напад утрово се огласија во повеќе делови на Украина, јави украинската новинска агенција Укринформ. Сирени се огласиле во Житомир, западно од Киев, и во областите Тернопил, Ривне и Ивано-Гранковск на запад. Сирени се огласија и во областа Волин на северозапад и Краматорск во источна Украина.

Русија гранатираше воена база во близина на границата со Полска


Осум проектили се истрелани кон украинскиот Центар за меѓународен мир и безбедност, соопшти регионалната воена управа на Лавов. Станува збор за воен центар за обука и база западно од Лавов, во близина на границата со Полска, која е оддалечена околу 25 километри. Нападот на воената база во близина на Полска дојде откако заменик-министерот за надворешни работи на […]

Италија ја заплени најголемата јахта за едрење во светот на рускиот олигарх Андреј Мелниченко


  Италијанската полиција ја заплени суперјахтата на рускиот милијардер Андреј Игоревич Мелниченко, соопшти во саботата кабинетот на премиерот Марио Драги, неколку дена откако бизнисменот беше ставен на листата на санкции на ЕУ по руската инвазија на Украина. Едриличарската „Јахта А“ долга 143 метри, чија цена е 540 милиони евра, е запленета во Трст, соопшти владата. […]

„ПајПал“ ги суспендира своите услуги во Русија


 Компанијата „ПајПал“ (PayPal) соопшти дека ги суспендира услугите за испраќање и примање плаќања во Русија. – Со цел да се минимизираат можните дополнителни прекини на услугите, ве молиме да го повлечете салдото од вашата сметка до 18 март 2022 година, се наведува во соопштението на „ПајПал“. Поголем број западни компании ја прекинаа соработката со Русија […]