Американскиот пасош ќе има родово неутрална опција


 

Американските државјани наскоро ќе можат да одберат и родово неутрална X опција на своите пасоши.

Новата родова опција, односно родово неутралната категорија, ќе биде воведена на 11 април, потврдија американските власти. Опцијата X ќе биде достапна и за другите документи од следната година, најави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„По внимателно разгледување и истражување на јавното мислење, одлучивме дека дефиницијата на X родовата категорија на јавните обрасци на Стејт департментот ќе биде „неспецифициран или друг идентитет“. Оваа дефиниција ја почитува приватноста на поединецот со унатпредување на инклузијата“, изјави Блинкен.

Стејт департментот првобитно во јуни минатата година најави дека ќе добие трета опција за пол во пасошите, но датумот на промена не беше соопштен. Исто така, најавено е дека ќе биде допуштено на подносителите на барање за пасош сами да го одберат својот пол без потреба од медицински докази во случаи кога нивниот пол не одговара на она што е наведено во други идентификациони документи.

Кампањата за човекови права ХРЦ ја поздрави оваа одлука со коментар дека овој потег на американската администрација на претседателот Џо Бајден ќе „го унапреди животот на трансродните и небинарните луѓе во земјата“.