Ученик (12) убиен со пиштол од соученик


 

Во училиште  Танглвуд во Гринвил,  Јужна Каролина, САД вчера е убиен 12-годишен ученик, објави Си-ен-ен. Локалната полиција уапси друг 12-годишник, кој се сомничи за убиството. Надлежните во училиштето повикале брза помош откако чуле пукање.

Полицијата велид ека по пукањето осомничениот побегнал, но го пронашле брзо во куќа во близина на училиштето.

„Срцето ми се крши поради семејството на ова момче. Ќе се молам за нив вечерва“, порача шерифот Хобарт Луис.

„Же се молам и за момчето кое пукаше и за неговото семејство. Не можам да сфатам што може некого да натера да му го направи ова на друг човек, посебно на таа возраст“, додава Луис.

Мотивот на пукуањето и начинот на кој осомничениот дошол до оружје се истражуваат.

Училиштето има околу 780 ученици

Осомниченото 12-годишно момче ќе биде соочено и со други обвиненија како поседување оружје на подрачје на училиште и незаконско поседување оружје од страна на лице помало од 18 години. Тој ќе биде пратен во ценатр за малолетничко правосудство во кулумбија.

Шерфиот ги повика родителите да разговараат со децата и да се ангажираат за да обезбедат сигурна средина за себе и за другите деца.

„Проверете ги нивните работи и уверете се дека немаат ништо со што би биле опасност за себеси или другите“,

Училиштето Танглвуд има околу 780 ученици, според официјалната страница.