Хакери се закануваат дека ќе објават здравствени податоци на познати Австралијци


Австралија– Хакери се заканија дека ќе објават украдени здравствени податоци на илјадници австралиски познати личности, по инцидентот со информациската безбедност што Канбера го нарече „голем знак за предупредување“. Двесте гигабајти податоци наводно биле украдени од хакери, објави Медијабанк, една од најголемите приватни здравствени осигурителни компании во Австралија. „Тие податоци се однесуваат на местото каде што се […]

Украина воведува рестрикции на електрична енергија низ целата држава поради руските ракетни напади


Украина денеска првпат воведуваат рестрикции на електрична енергија низ целата држава поради руските ракетни напади што уништија дел од нејзините енергетски постројки в пресрет на зимата. Снабдувањето со електрична енергија ќе биде ограничено од седум до 11 часот наутро, соопштија владини претставници и електро операторот „Укренерго“. Ќе биде ограничено и уличното осветлување. Иако овие ограничувања […]

Штајнмаер ја откажа денешната посета на Киев поради безбедносни причини


Германија – Германскиот претседател Франк – Валтер Штајнмаер ја откажа денешната посета на Киев поради безбедносни причини, соопштија од неговиот кабинет. Тој бил советуван да не замине во Киев од страна на германските служби и Министерството за надворешни работи. Нагласено е дека посетата сепак ќе се реализира и тоа наскоро. Штајнамер планираше да го посети главниот […]

Ден на невиден хаос во Британија, владата на Лиз Трас се распаѓа


  ЛОНДОН – Таа го започна денот надевајќи се на солидна изведба на редовните „Прашања за премиерот“ за да го стабилизира нејзиниот разнишан брод. Но, Лиз Трас влезе во средата навечер со нејзината влада во невиден хаос откако еден од нејзините највисоки министри поднесе оставка, врвниот соработник на Даунинг стрит беше суспендиран и бунтот во […]

Обвинителите дојдоа на уште еден круг поблиску до Себастијан Курц


  ВИЕНА – Централната фигура во скандалот што го принуди австрискиот канцелар Себастијан Курц да поднесе оставка минатата година, се согласи да сведочи против својот поранешен шеф, означувајќи драматичен пресврт во големата истрага што ја разоткри системската корупција во политичкиот систем на алпската земја. Во сведочењето пред федералните обвинители, Томас Шмид, поранешен висок функционер во […]

Матарела два дена ќе има консултации за формирање на новата италијанска Влада


Кабинетот на италчијанскиот претседател, Серѓо Матарела денеска соопшти дека утре и задутре ќе се спроведат консултации за формирање на нова италијанска Влада. На парламентарните избори во Италија, што се одржаа минатиот месец, победи десничарскиот блок, предводен од Ѓорѓа Мелони, лидерката на „Браќата на Италија“, во која уште се и „Форца Италија“ на поранешниот премиер Силвио […]

Милановиќ: Војната во Украина ќе заврши кога Русија ќе победи или ќе дојде до смена на власта во Москва


„Русија не смее да ја загуби војната, не може да си го дозволи тоа, има огромна енергија и ресурси да победи во војна против речиси секого и тие се таму како нуклеарна сила. Единствениот начин што го гледам дека може да стави крај на оваа агресија против Украина е промена на власта во Русија“. Ова […]

Британската министерка за внатрешни работи поднесе оставка


Британската министерка за внатрешни работи Суела Брејвермен по шест недели на функцијата, денеска поднесе оставка. Таа имаше една од највисоките позиции во британската Влада, со одговорности меѓу кои и надзор на границите на Велика Британија, полиција и борба против тероризам. Суела Брејвермен можеби поднесе оставка поради безбедносно прашање, наведува Би-Би-Си. Сепак, нејзиното писмо со оставка […]

Русија продолжи да ја бомбардира енергетската инфраструктура на Украина


Украинските сили за противвоздушна одбрана денеска соопштија дека Русија повторно нападнала неколку региони на Украина со проектили чија цел била оштетената енергетска инфраструктура.   Властите соопштија дека украинските војници за време на нападот собориле четири руски крстосувачки ракети и 10 беспилотни летала од иранско производство.   Сирените за воздушен напад се огласија повеќе од три […]

Поради недостиг, да се користи само една доза од вакцината против колера, вели СЗО


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) и нејзините партнери денеска препорачаа земјите каде што има колера привремено да користат само една доза вакцина наместо две, како што е вообичаено, поради недостиг на светско ниво затоа што е зголемен бројот на заразени од оваа болест која се пренесува преку водата.   Во денешното соопштение на СЗО и […]

Кулеба и Дендиас прес-конференцијата по средбата во Киев ја одржаа во скривница


Русија може да лансира колку проектили и да сака, може во Украина да испраќа војска што ја мобилизира од затворите, но ние ќе победиме, порача министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, по средбата со неговиот грчки колега Никос Дендиас за време на прес конференцијата во Киев, која поради сирените се одржа во скривница, […]

Одложена заедничка седница на француската и германската влада


Разликите во позициите меѓу Париз и Берлин предизвикаа одложување за јануари на заедничката седница на француската и германската влада, што требаше да се одржи на 26 октомври во Фонтенбло. По пишувањето на медиумите, германската Влада денеска и официјално го потврди одложувањето на седницата. – Има цела низа прашања … во кои сè уште не сме постигнале заеднички […]

СЗО: Ковид-19 сè уште е итен здравствен проблем


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека Ковид-19 останува глобална вонредна состојба, речиси три години откако првпат беше прогласена. На 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи вонредна состојба поради Ковид-19. Таквата одлука помага да се забрзаат истражувањата, финансирањето и меѓународните јавно-здравствени мерки за борба против болеста. Агенцијата на ОН соопшти дека иако […]

Градот Брисел ја повлекува одлуката за гасење градско светло рано наутро


  Одлуката донесена на крајот на септември да се гаси градското светло 30 минути порано се укинува поради проблеми за безбедноста на граѓаните, јави дописничката на МИА од Брисел. Поради енергетската криза градоначалниците на општините во Брисел пред повеќе од две недели донесоа одлука да се гасат уличните градски светла половина час порано наутро, денеска […]

Расмусен под истрага поради банкарски скандал


Данска – Полицијата го истражува поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен за неговата улога во банкротот на летонската банка ПНБ, објави данскиот весник „Борсен“. Според летонските власти, Расмусен, кој беше заменик-претседател на независната менаџерска група на ПНБ, и други поранешни менаџери се под истрага поради нивното претходно раководење со банката, пишува порталот Политико. Администраторот на стечајната маса рече дека обвинетата […]

Наградата „Сахаров“ за 2022 за украинскиот народ


Франција – Храбриот народ на Украина, претставен од нивниот претседател, нивните избрани лидери и граѓанското општество се лауреати на наградата „Сахаров“ за 2022 година, која ја доделува Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Стразбур. Одлуката ја соопшти лично претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, со прекин на пленарната сесија на која се расправаше за земјите […]

Пензионирани американски генерали работат тајно за странски влади


Стотици високи пензионирани американски воени лица работат за други земји за големи суми пари, а многу од нив ги прекршуваат човековите права. Ова го пишува „Вашингтон пост“ во својата статија врз основа на податоците од сопствената истрага. Излегува дека американската влада ги декласифицира информациите за работата на пензионираните американски генерали во странство. Американците кои работат […]

Чапутова во ЕП: Ако не ја браниме демократијата, таа ќе исчезне


 Словачката претседателка Зузана Чапутова од говорницата на Европскиот парламент повика на одбрана на демократијата и европските вредности и на солидарност на ЕУ во повеќекратните кризи низ кои минува, јави дописникот на МИА од Стразбур. Потсетувајќи се на неодамнешните хомофобични убиства во Братислава, словачката претседателка Зузана Чапутова рече дека злосторствата од омраза не се насочени само […]

Русите го демонтираа споменикот во Мариупол за големата глад во 1923-1933


  Администрацијата на анектираниот Мариупол во областа Донецк во Украина го демонтираше споменикот „На жртвите на холодоморот од 1932-1933 година и политичките репресии“, кој од 2004 година стоеше во центарот на градот во близина на драмскиот театар. Низок гранитен споменик со уши врзани со лента и бодликава жица беше демонтиран со помош на камионски кран […]

Путин воведе воена состојба во анектираните региони од Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин објави дека потпишал декрет за воведување воена состојба во анектираните територии на Украина – самопрогласените ДПР и ЛПР и окупираните делови на регионите Херсон и Запорожје. Говорејќи преку видео-врска на состанокот на Советот за безбедност на Русија, тој објасни дека на овие територии важела воена состојба уште пред да „се […]