Најмалку 25 загинати во сообраќајка во Гвинеја


 

Во судар на камион и минибус во близина на гратчето Сугета во гвинеја загинаа најмалку 25 лица, а барем седум се повредени, јави висок функционер во администрацијата на оваа западноафриканска држава.

Според извештајот, минибусот при претекнување преминал во спротивна лента и се судрил со камион. Возачот на минибусот ја преживеал несреќата, иако тешко е повреден. Несреќата се случила во гратчето оддалечено 180 киометри од главниот град Конакри.

Во оваа западноафриканска земја сериозните сообраќајки со висока смртност не се исклучок. Опасност претставуваат и лошата состојба на многуте возила и патиштата.

Според проценката на Светската здравствена организација, бројот на загинати во сообраќајки на 100.000 во Гвинеја е седум пати поголем отколку, на пример, во Германија.