(Видео) Путин ги посети мобилизираните регрути, пукаше од снајпер


  Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот министер за одбрана, за кој велат дека е во „немилост“, го посетија воениот камп во западниот регион Рјазин. Целта на посетата била претседателот да се увери дека мобилизираните трупи ги следат неговите наредби и се спремаат за борби во Украина. На Путин и на Шојгу во четвртокот им […]

(Видео) Експлозии во Харков и Запорожје


 Низа експлозии одекнаа изутринава во Харков и Запорожје, соопштија локалните власти. Проектили погодија индустриски објект во Харков, информираше градоначалникот Ихор Терехов. Како што појасни тој, спасувачите допрва треба да го утврдат обемот на штетата и дали има загинати лица. Zaporizhzhia now pic.twitter.com/brxc2d73xA — ТРУХА⚡️English (@TpyxaNews) October 21, 2022 Според регионалниот гувернер на Харков, Олех Синегубов, […]

Шаленберг: Војната во Украина нема да заврши брзо


Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг смета дека војната во Украина нема да биде завршена брзо. Тој во обраќање до надворешнополитичкиот одбор на Парламентот на Австрија, истакна дека по новата ескалација, јасно е оти мировното решение е најдалеку досега. Шаленберг укажа дека решението може да се постигне само на преговарачка маса, додавајќи оти опасно […]

Рускиот суд нареди апсење на новинарката Овсјаникова


Русија – Руски суд нареди апсење на поранешната новинарка на руската државна телевизија Марина Овсјаникова, јавија дел од руските медиуми. Овсјаникова е позната во јавноста по тоа што во март, откако започна војната во Украина, „влета“ во програма во живо на телевизија со натпис „Не за војна“. Кон средината на јули во близина на Кремљ, таа […]

Студија: Сексуалната злоупотреба врз деца во Британија е епидемија


Англија– Сексуалното насилство врз деца во Британија е епидемија што погодува милиони жртви, а грозоморните и ужасни дејствија се кријат со децении, бидејќи институциите и политичарите имаат приоритет на угледот пред благосостојбата на младите луѓе, тврди новото јавно истражување. Независната студија за сексуална злоупотреба врз деца, една од најголемите и најскапите од ваков вид во таа […]

Бела куќа: Ирански војници на Крим и помагаат на Русија во нападите врз Украина


  Ирански војници се наоѓаат на Крим, каде им помагаат на руските сили да извршат напади со беспилотни летала од иранско производство врз Украина, соопшти денеска Белата куќа. „Денес можеме да потврдиме дека руските војници со седиште на Крим управувале со ирански беспилотни летала и ги користеле за напади во Украина, вклучително и во Киев […]

Сигурно не Борис? Главните кандидати за нов британски премиер


  Шепoтете, но Борис Џонсон може да биде на патеката за враќање. Силно се шпекулира дека соборениот поранешен лидер на конзервативците размислува за враќање во Даунинг стрит 10 – помалку од два месеци откако замина за да ѝ направи пат на Лиз Трас. Премиерството на Трас пропадна со спектакуларна брзина за 45 дена, а нејзиното […]

Борис Џонсон ќе се кандидира за лидер на британските конзервативци


  Поранешниот британски премиер Борис Џонсон викендов се враќа во Велика Британија, јави денеска „Дејли телеграф“. „Тајмс“ објави дека Џонсон, кој е на одмор во странство, се очекува да учествува на изборите за да стане нов лидер на конзервативците на местото на Лиз Трас, која денеска поднесе оставка од премиерската функција. Политичкиот уредник на Тајмс […]

СЗО: Епидемијата на ебола во Уганда развиена брзо


Епидемијата на ебола во Уганда брзо се разви во текот на еден месец откако болеста беше откриена во оваа источноафриканска земја, изјави денеска регионалниот директор на здравствената агенција на ОН за Африка, Матшидисо Моети.   „Министерството за здравство на Уганда покажа извонредна отпорност и ефективност и постојано го прилагодува својот одговор на предизвикувачката ситуација. Подоброто […]

Проруска администрација: Евакуирани 15.000 луѓе од Херсон


 Проруската администрација во областа Херсон на југот на Украина денеска соопшти дека поради напредувањето на украинските војници од таа територија, која беше анектирана од Москва, се евакуирани 15.000 луѓе.   „Продолжува мирната евакуација на жителите од областа Херсон“, изјави преку Телеграм прорускиот функционер Кирил Стремусов.   Проруските власти во Херсон вчера најавија почеток на евакуации […]

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан


 Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала изутринава го потресе западниот дел на Панама. Раздвижувањето на земјата е почувствувано во Херера, Бокас дел Торо, Верагуас и западна Панама, објави преку Твитер панамската Национална агенција за цивилна заштита. Американскиот геолошки институт соопшти дека епицдентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на […]

Руски авиони патролираат на границите на Белорусија


Руските воздушни сили денеска патролираат на границата на нивниот сојузник Белорусија, објави Минск, додека западните земји веруваат дека таа земја може да преземе поактивна улога во руската агресија врз Украина.   Русија распореди дополнителни 9.000 војници и воена опрема во соседната земја, откако белорускиот претседател Александар Лукашенко минатата недела изјави дека на неговата земја и […]

НАТО ќе им помогне на Шведска и на Норвешка доколку бидат изложени на закани


Белгија– НАТО ќе им помогне на Шведска и на Финска доколку двете земји се соочат со закани во процесот на зачленување кон Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Незамисливо е сојузниците да не дејствуваат, доколку Шведска и Финска бидат под каква било форма на притисок“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел. Изјавата […]

Мелони го нападна Берлускони поради пофалбите за Путин


  Фаворитот да стане нов лидер на Италија, Џорџа Мелони, упати силен прекор до нејзиниот сојузник во десничарската коалиција, Силвио Берлускони, откако тој даде приватни коментари со кои ја оправдува војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина. Радикалниот про-Путин став на Берлускони ризикува да ги попречи шансите на Мелони да води нова десничарска администрација, […]

Русите истрелале ракета во близина на британски авион над Црното Море


Руски авион-ловец истрелал ракета во близина на британски авион што патролирал во меѓународниот воздушен простор над Црното Море на 29 септември, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас. Валас пред Парламентот соопшти дека Велика Британија по инцидентот ги суспендирала патролите и изразила загриженост до рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Москва соопшти дека се […]

Лиз Трас не издржа – поднесе оставка како британски премиер


  Лиз Трас поднесе оставка од функцијата премиер и ќе се повлече по еднонеделниот итен натпревар за наоѓање на нејзиниот наследник, објави таа пред Даунинг стрит 10. Тоа следи по турбулентните 45 дена на функцијата за време на кои мини-буџетот на Трас ги урна пазарите, таа загуби двајца клучни министри и ја загуби довербата на […]

Украинската војска заробила стотици борбени руски возила


  Како што украинските војници ги враќаат териториите, пренесува АФП, тие заробуваат стотици воени возила напуштени од Русите кои бегаат, а некои се користат и против инвазиската војска, пренесува АФП. Русија и нејзиниот сосед најчесто користат слична опрема од советската ера, што значи дека на Украинците често не им е потребна голема обука за да […]

Американската нуклеарна индустрија има проблем без гориво од Русија


  Американските компании што произведуваат нова генерација мали нуклеарни електрани, со цел да помогнат во намалувањето на емисиите на јаглерод, имаат голем проблем бидејќи само една фирма го продава потребното гориво, а таа е руска, пишуваат дел од британските медиуми. Затоа американската Влада итно ја разгледува множноста за користење дел од своите ураниумски резерви за […]

Австрија: Товарен воз удри во училишен автобус


Во околината на Пфлах во провинцијата Тирол утринава се случи тешка несреќа во која товарен воз удри во училишен автобус, а во судирот се повредени возачот на автобусот и две деца. Судирот меѓу возот и автобусот се случил на ниво на премин, кој не е обезбеден со рампа. Портпаролот на Австриските железници (OeBB) Кристоф Гасер-Ејер […]

Столтенберг: Податоците покажуваат дека Иран ѝ доставува дронови на Русија


Сите податоци насочуваат кон тоа дека Иран ѝ доставува на Русија дронови, што се користат против Украина, посочи денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во седиштето на Алијансата во Брисел. Тој истакна дека го повикуваат Иран да не ѝ доставува на Русија ниту дронови, ниту ракети, ниту […]