(Видео) Кличко: Над Киев соборени повеќе руски ракети


Градоначлникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека системите за противвоздушна одбрана над главниот град собориле повеќе проектили. „Неколку ракети кои летаа кон Киев беа соборени од силите за противвоздушна одбрана во регионот. Им благодариме на бранителите! Противвоздушната тревога продолжува. Останете во засолништата, внимавајте на вашата безбедност. Штедете електрична енергија и сфатете го ограничувањето на нејзиното […]

Фумио Кишида: Руската употреба на нуклеарно оружје би била чин на непријателство кон човештвото


Руската употреба на нуклеарно оружје би претставувала „чин на непријателство против човештвото“, предупреди денеска јапонскиот премиер Фумио Кишида за време на неговата посета на Австралија. Руското заплашување за можна употреба на нуклеарно оружје „претставува сериозна закана за мирот и безбедноста на меѓународната заедница и е целосно неприфатливо“, рече Кишида, лидер на единствената земја во светот […]

Кинескиот премиер Ли Кечијанг нема да биде во новото раководство на владејачката партија


 Кинескиот премиер Ли Кечијанг, поранешен број два во раководството на Кина и главен поборник за економски реформи, е еден од четворицата членови на моќниот седумчлен Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, кои нема да бидат повторно именувани во телото. Нивните имиња не се најдоа на списокот на новиот состав на 205-члениот Централен […]

Риши Сунак собра 100 препораки да се кандидира за лидер на ториевците во Британија


Поранешниот британски министерна финансии Риши Сунак го надмина прагот од 100 задолжителни препораки потребни за да се кандидира за лидер на Конзервативната партија по оставката на премиерката Лиз Трас, објави синоќа пратеник од ториевците, јавија британските медиуми. „Горд што сум 100-тиот пратеник од ториевците што го поддржува #Ready4Rishi (#Ready4Rishi)“, твитна Тобијас Елвуд, еден од неговите […]

Вашингтон пост: ФБИ во куќата на Трамп пронашле разузнавачки податоци за Кина и за Иран


Високо чувствителните разузнавачки информации за Иран и Кина се содржани во некои документи што американското Федерално биро за истраги ги пронајде за време на претресот во домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида, објави Вашингтон пост, цитирајќи извори. Станува збор за тајни документи кои ја опишуваат разузнавачката работа поврзана со Кина, а барем […]

САД во преговори со Маск за Старлинк во Иран


 Белата куќа е во преговори со милијардерот Илон Маск за обезбедување на услугата Старлинк на СпејсИкс во Иран, јави Си-ЕН-Ен, цитирајќи официјални претставници запознати со преговорите. Воспоставувањето мрежа на сателити над Исламската Република ќе им помогне на граѓаните на таа земја да ги заобиколат ограничувањата за пристап до интернет и социјални мрежи. Американското Министерство за […]

Грифитс: Глад во Буркина Фасо, некои жители јадат само листови


Некои жители на Буркина Фасо јадат само листови со недели, изјави заменик генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Мартин Грифитс за ситуацијата во таа земја, која ја посети. „Растечката несигурност и блокадите во многу области доведоа до изолација на некои заедници и зголемен глад. Хуманитарните работници се борат да дојдат до оние луѓе на […]

Фајзер ја зголемува цената на вакцината против Ковид во САД


  Американскиот фармацевтски гигант Фајзер очекува четирикратно да ја зголеми цената на вакцината против Ковид-19 во САД, на 110 до 130 долари по доза, откако ќе заврши актуелната владина програма за набавки, изјави извршната директорка Ангела Лукин. Американската влада во моментов плаќа околу 30 долари по доза, а се очекува пазарот да се префрли на […]

Лукашенко: Белорусија не планира да војува со никого


Белорусија не планира да војува со никого, на земјата не ѝ треба војна, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко. Лукашенко при проверката на воено-индустриските производи во регионот на Брест уште еднаш ги демантираше информациите кои се шират на социјалните мрежи дека државата спроведува скриена мобилизација. Тој предложи да не се обрнува внимание на „споменатите поплаки“. […]

Култот за „Брегзит“ кој ја разнесе Британија


  ЛОНДОН – Тоа беше револуција која траеше 11 години. За мала, но гласна група десничарски либертаријанци, назначувањето на Лиз Трас за премиер на Обединетото Кралство на 6 септември изгледаше како триумфална крајна точка на епскиот и неверојатен марш што ги одведе од маргините на британската политика до најголемите коридори на моќ на Вајтхол. Во […]

Стив Бенон осуден на четири месеци затвор


  Стив Бенон, долгогодишен сојузник на поранешниот претседател Доналд Трамп, во петокот беше осуден на четири месеци зад решетки, откако ја одби поканата од Комитетот на Претставничкиот дом што го истражува бунтот на Капитол на 6 јануари. Окружниот судија Карл Николс му дозволи на Бенон да остане на слобода во очекување на жалбата и исто […]

ЕУ планира помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина


Европската унија планира да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина во 2023 година за поддршка на таа земја во војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот на ЕУ.   Таа на прес-конференција рече дека тоа ќе биде „предвидлив, стабилен и сигурен прилив на приходи“ и додаде […]

„Градина и џунгла“: Европската мрежа против расизам со силна осуда за изјавите на Борел


Европската мрежа против расизам (ЕНАР) ги нарече изјавите на шефот на ЕУ дипломатијата расистички и го осуди фактот што тој не се извини за контроверзните изјави, јави дописничката на МИА од Брисел. За потсетување, шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, минатата недела пред студенти во Колеџот на Европа изјави дека Европа е “градина“, а остатокот […]

Вашингтон и Москва на „црвена линија“


Рускиот и американскиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и Лојд Остин телефонски разговарале за ситуацијата во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. – Се разговараше за актуелни прашања од меѓународната безбедност, вклучително и за ситуацијата во Украина, се вели во соопштението на Министерството, пренесува РИА Новости. Последен пат руското Министерство за одбрана извести за контакт […]

Ердоган: Путин омекна, поспремен е за преговори од претходно


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во повеќе наврати се обиде да се претстави како медијатор во постигнувањето некој вид мировен договор меѓу Русија и Украина. Денеска разговарал со новинарите во авионот при враќањето од Азербејџан и сугерирал дека рускиот претседател во последно време е поспремен за преговори за мир од претходно. Ердоган рекол дека […]

Украина до Берлускони: Дали си пијан брат?


Украина му возврати на Силвио Берлускони, откако поранешниот италијански премиер го пофали рускиот претседател Владимир Путин. „Тој мора да е под влијание на руската вотка“, критикуваше Михаило Подољак, советник на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишувајќи на италијански на Твитер. Берлускони „повторно се поврза“ со Путин и се опишал себеси како еден од „петте […]

Речиси осум милиони Британци се мачат да ги платат сметките


 Речиси осум милиони луѓе во Велика Британија се мачат да ги платат нивните сметки додека животните трошоци бележат пораст, јави Би-би-си. Управата за финансиско работење процени дека 7.8 милиони лица сега сметките ги гледаат како „тежок товар“, во споредба со 5.3 милиони во 2020 година. Цените на енергијата, храната и горивото остро се зголемија изминатите шест […]

Огромен пожар во Мексико, изгореа куќи, автомобили и железничка пруга


Голем пожар избувна во централно Мексико кога цистерна со гориво удри во надвозник покрај железничка пруга. Пожарот зафати поголем број куќи, автомобили и дека од железничка пруга, па населението било евакуирано. Густ чад брзо ја покри областа, по што дошло до голема евакуација. Нема жртви, соопштија локалните власти. На една од снимките што се шири […]

Русија се подготвува да разнесе хидроцентрала на Днепар, најави Зеленски


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини руската војска дека подготвува „терористички чин“ против хидроелектраната Кахов во регионот Керсон. Во своето традиционално вечерно обраќање тој рече дека според информациите на Украина „блоковите и ѕидот на браната на ХЕ Каховскаја биле минирани од руски терористи“. Зеленски веќе упати такво предупредување до лидерите на ЕУ во Брисел и побара […]

Трас беше на власт 45 дена, до крајот на животот ќе добива 115.000 фунти годишно од државата


По само 45 дена на функцијата како премиерка на Велика Британија, Лиз Трас ги исполнува условите за годишен надомест од 115.000 фунти до крајот на својот живот. Според владата, на сите поранешни премиери им е обезбеден годишен надоместок од наведениот износ. За да ги исполнувате условите за надоместокот, само треба да се биде поранешен премиер, […]