Русија му платила на Иран 140 милиони евра во кеш и запленето западно оружје во замена за дроновите


 

Руските власти испратија во Иран готовина и примероци од западното оружје запленети во Украина во замена за пратка беспилотни летала, изјави безбедносен извор за Скај њуз. Според соговорникот на британскиот телевизиски канал, во раните утрински часови на 20 август, на аеродромот во Техеран пристигнал руски авион, кој испорача 140 милиони евра во готовина, како и товар со оружје, составен од британскиот противтенковски NLAW проектил, американскиот противтенковски ракетен систем Javelin и противвоздушен ракетен систем Stinger.

Добиеното оружје ќе му овозможи на иранскиот корпус на гардата на исламската револуција да научи и да ја копира западната технологија за употреба во идните војни, изјави извор на Скај њуз.

Во замена, Москва доби повеќе од 160 ирански беспилотни летала, вклучително и 100 дронови „Шахед-136 камиказе“.

Во следните неколку дена Москва и Техеран договорија уште една зделка за набавка на беспилотни летала во вредност од 200 милиони евра, според изворот на каналот.

Иран и Русија со месеци негираа дека Техеран ја снабдува Москва со борбени беспилотни летала, кои потоа се користат во Украина. Иранскиот министер за надворешни работи на 5 ноември првпат ги призна пратките, но изјави дека тие се случиле уште пред инвазијата и дека станува збор за „мал“ број беспилотни летала.