Лавров: БРИКС се шири на уште 12 држави


 

Сергеј лавров соопшти денеска дека најмалку уште 12 држави се заинтересирани за членство во БРИКС, глобална асоцијација за економска и политичка соработка.

Министерот за надворешни работи на Руската федерација рече дека интересот за членство во организацијата во која членуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка е големо.

„Интересирањето за ова глобално здружение е многу големо и продолжува да расте“, рече лавров во текот на состанокот со индискиот колега Субрахманџам Џаишанкар.

Според Лавров, меѓу другите, желба за членство изразиле и Алжир, Аргентина и Иран.