Француски кардинал призна дека злоставувал девојче


Францускиот кардинал Жан-Пјер Рикар денеска призна дека злоставувал 14-годишно девојче пред многу години и рече дека ќе се повлече поради тоа.

– Пред 35 години, кога бев свештеник, мојот однос кон девојче кое имаше 14 години беше за осуда. Моето однесување неизбежно доведе до сериозни и трајни последици за таа личност, рече тој.

Рикар побара прошка и рече дека ќе се повлече од своите должности и ќе им стои на располагање на судските и црковните власти.

Тој бил епископ на Бордо од 2001 до 2019 година.

Вкупно 11 бискупи и поранешни бискупи во моментов се под истрага за злоупотреба, изјави денеска шефот на француската бискупска конференција, Ерик де Мулен-Бофор, откако ја прочита изјавата на Рикардо по тој повод.

Независна истрага минатата година покажа дека француски свештеници злоставувале повеќе од 200.000 деца во изминатите 70 години.