Иран испрати тренери на Крим за да ѝ помогне на руската војска со дроновите


  Иран испрати обучувачи во окупирана Украина за да им помогнaт на Русите да ги надминат проблемите со флотата беспилотни летала што ги купија од Техеран, според сознанијата на сегашни и поранешни американски официјални лица информирани за доверливите разузнавачки информации, што е дополнителен сигнал за зголемената блискост меѓу Иран и Русија по инвазијата на Москва […]

Многу Американци се песимисти за американската демократија


Многу Американци остануваат песимисти за состојбата на американската демократија и за начинот на кој се избираат функционерите – речиси две години по претседателските избори по кои имаше лажни наводи за широко распространета измама и насилен напад на Капитол, пишува Асошиетед прес. Само околу половина од Американците имаат голема доверба дека гласовите на претстојните среднорочни избори […]

Украинско разузнување: Војната завршува идното лето, некои региони ќе се отцепат од Русија


Шефот на Главната разузнавачка управа на Украина, Кирило Буданов, изјави дека до летото руската војна против Украина треба да заврши и до крајот на годината ќе има позначајни победи на вооружените сили на Украина. „До крајот на годината ќе направиме значителен напредок, тоа ќе бидат значајни победи, тоа ќе го видите наскоро“, изјави Буданов во […]

Стотина деца во Индонезија починаа, им откажале бубрезите по лекување со сируп на база на парацетамол


  Речиси 100 деца починаа од акутна бубрежна инсуфициенција од почетокот на годинава во Индонезија, информираше денеска претставник на Министерството за здравство. Здравствени претставници во Гамбија неодамна соопштија дека деца починале од акутна бубрежна инсуфициенција, откако биле лекувани со сируп на база на парацетамол, што се користи за намалување на треската, јавија дел од британските […]

Путин прогласи воена состојба во четири украински региони што ги анектираше


Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека потпишал закон за воведување воена состојба во четирите украински региони кои Кремљ се обиде да ги присоедини, што е кршење на меѓународното право, јави Си-Ен-Ен. Региони се Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск. Путин ова го соопшти за време на состанокот на рускиот Совет за безбедност. Тој додаде дека шефовите на тие области ќе добијат […]

Американски борбени авиони пресретнаа два руски бомбардери над Алјаска


САД–   Американски борбени авиони пресретнале два руски бомбардера во близина на американската држава Алјаска, соопштија американските власти, јави ДПА. Два борбени авиона Ф-16 на американските воздухопловни сили пресретнаа вчера два руски бомбардери Ту-95 кои на 17 октомври влегоа во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска, соопштија официјални лица. НОРАД истакна дека тоа не […]

Научници во САД развија нов сој на корона вирус


Истражувачи од американскиот универзитет Бостон соопштија дека развиле нов сој на корона вирус по низа слични експерименти во светот, со цел да се борат против нови пандемии. Новиот сој претставува комбинација од омикрон и оригиналната варијанта од Вухан, а истражувањето го спроведе тим научници од Флорида и Бостон, јави „Фокс њуз“. Евидентирано е дека глувците […]

САД ќе и обезбедат на Куба два милиони долари помош по ураганот Ијан


Вашингтон синоќа најави дека ќе даде два милиони долари итна помош за Куба по минувањето на ураганот Ијан, што Хавана ја прифати. САД му нудат на кубанскиот народ „важна хуманитарна помош“ преку нивната меѓународна агенција за развој и доверливи меѓународни партнери кои директно соработуваат со Кубанците чии заедници беа уништени од ураганот, нагласи Нед Прајс, […]

Анкета: Повеќето Германци не сакаат Германија да биде воен лидер во Европа


 Мнозинството Германци, односно 68 отсто од нив, не сакаат нивната земја да биде воен лидер во Европа, покажува новото истражување на јавното мислење на Институтот Кантар Паблик, нарачано од фондацијата Кербер. Исто така, истражувањето покажа дека околу 80 отсто од Германците стравуваат дека војната во Украина може да се прошири на територијата на земјите-членки на НАТО, на […]

Берлускони се пофали со контактот со Путин: За роденден добив 20 шишиња вотка и честитка


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека повторно е во контакт со рускиот претседател Владимир Путин и дека неодамна разменил пријателски писма со него, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на аудио снимка што денеска ја објави италијанската агенција „La Presse“. Берлускони во обраќањето пред пратениците на Долниот дом на италијанскиот парламент рече дека за роденден од […]

Зеленски: Тоа што Русија напаѓа цели во Украина со беспилотни летала го покажува нејзиниот политички и воен пораз


Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија напаѓа цели во Украина со беспилотни летала од Иран го покажува нејзиниот политички и воен пораз. „Фактот дека Москва користи иранско оружје по децении финансирање на воената индустрија за време на советскиот и постсоветскиот период е пораз“, рече Зеленски во видеото објавено на официјалната веб-страница, пренесе Ројтерс. Украина објави […]

Силен земјотрес во Кина


Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот кинески регион Чинхај, соопшти Американскиот геолошки институт. Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 8,6 километри. Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.

Лавров: Русија „не гледа поента“ да го задржи дипломатското присуство на Западот


  Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во вторникот дека „нема смисла“ да се задржи сегашното ниво на дипломатско присуство на земјата на Запад, јавуваат државните медиуми на земјата РИА Новости. „Тоа нема смисла и немаме желба да го задржиме истото присуство во западните земји. Нашите луѓе работат во услови кои тешко може […]

Почна евакуацијата на цивилите од Херсон, објави командантот на руските војски во Украина


  Новиот командант на руската армија во Украина, Сергеј Суровикин, во вторникот изјави дека цивилите се „преселуваат“ од јужниот град Херсон, окупиран од Русија, опишувајќи ја воената ситуација во Украина како „напната“. „Непријателот постојано се обидува да ги нападне позициите на руските трупи“, рече Суровикин во своето прво телевизиско интервју откако беше назначен минатата недела, […]

Германија го отпушти шефот за сајбер безбедност „поради врски со Русија“


  Германскиот шеф за сајбер безбедност е сменет по обвинувањата дека е прекумерно близок со Русија преку здружението кое тој го помогнал да се формира. Арне Шенбом ја предводеше Федералната управа за сајбер безбедност (БСИ) – задолжена за заштита на владините комуникации – од 2016 година. Германските медиуми го обвинија дека имал врски со луѓе […]

Новиот шведски премиер најави промена на миграциската политика и сузбивање на криминалот


Новиот шведски премиер Улф Кристерсон денеска во парламентот ја претстави коалициската влада на десниот центар, ветувајќи дека ќе го промени курсот за миграциската и енергетската политика и кривичното правосудство. Малцинската влада на Кристерсон, кого парламентот вчера го избра за премиер, ја сочинуваат неговата Умерена партија, Демохристијаните и Либералите, а извршната власт е поддржана од антиимиграциската […]

Ученичка во Иран претепана до смрт поради тоа што одбила да пее песна за врховниот лидер


  Уште една ученичка, наводно, била убиена од иранските безбедносни служби, откако била претепана во својата училница затоа што одбила да пее прорежимска песна кога нејзиното училиште беше претресено минатата недела, што предизвика дополнителни протести низ целата земја овој викенд. Според Координативниот совет на иранските учителски здруженија, 16-годишната Асра Панахи починала откако безбедносните сили упаднале […]

Лиз Трас е најнепопуларен британски премиер во историјата на анкетите


  Лиз Трас падна на најниската популарност досега од кој било британски политички лидер по катастрофалниот почеток на нејзината премиерска функција. Истражувањето на фирмата YouGov, спроведено веднаш откако таа го отпушти министерот за финансии Кваси Квартенг и ги напушти клучните компоненти на нејзината економска стратегија минатиот петок, покажува дека четири од пет возрасни Британци (80 […]

Што би се случило во Русија ако Путин не може веќе да владее или умре?


Русија нема втор човек, потсетува „Дојче веле“. Сосема намерно, Владимир Путин не го именуваше својот „наследник на престолот“. Но, што би се случило ако рускиот претседател ненадејно умре или не може да ги исполни своите должности? Владимир Путин би можел да владее со Русија до 2036 година. Автократот тоа го обезбеди преку уставните амандмани усвоени […]

Европратениците не го прифатија отчетот на буџетот на Фронтекс за 2020 година


Европскиот парламент одби да ги одобри сметките на Агенцијата за крајбрежна и гранична стража на ЕУ (Фронтекс) и  на Советот за 2020 година и притоа ги одобри тие на Европскиот економски и социјален комитет, јави дописникот на МИА од Стразбур. За препораката на Комисијата за буџетска контрола да се одбие одобрувањето на Фронтекс, гласаа 345 […]