На референдум отповикан градоначалникот на Франкфурт


Петер Фелдман, контроверзниот градоначалник на германскиот финансиски центар – Франкфурт, преку граѓански референдум е сменет од функцијата, покажаа резултатите од вчерашното гласање.

Повеќе од 95 отсто од гласачите гласаа за отповикување на Фелдман, политичар од централно-левичарската Социјалдемократска партија (СПД).

Тој се соочува со обвинувања за корупција и неговиот мандат беше исполнет со гафови.

Фелдман го призна поразот. „Ова значи дека в петок повеќе нема да бидам градоначалник“, рече тој. Конечните резултати официјално ќе бидат познати в петок.

Фелдман (64) со месеци е под притисок и му се суди пред судот во Франкфурт поради сомневање за корупција.

Освен тоа, тој е познат и по гафовите, како оној кога во историското градско собрание Ремер му го грабна трофејот од Лигата на шампионите на фудбалскиот тим на Ајнтрахт. Раководството на Ајнтрахт тогаш го прогласи за непожелна личност на својот стадион.