Убиен рускиот свештеник што ги советуваше жените да раѓаат повеќе деца за во војска


Рускиот свештеник Михаил Васиљев, кој им предложи на руските мајки да раѓаат повеќе деца за да не се плашат да ги испратат своите возрасни синови во војната на  Русија против  Украина, штотуку беше убиен во Украина. Руската православна црква соопшти дека Михаил Василјев е убиен во „областа на специјалната воена операција во Украина“, односно во воената зона за време на руската инвазија на нејзиниот сосед.

Свештеникот стана “славен” кога кон крајот на октомври на телевизија го прашаа што треба да прават жените кои не сакаат да ги праќаат своите деца во војна на што тој одговори дека треба да раѓаат повеќе деца.

„Господ дозволи секоја жена да има многу деца.Ако госпоѓата, следејќи ја неговата заповед „да бидете плодни и да се множите, “престанала да користи вештачки средства за прекинување на бременоста, тогаш очигледно е дека ќе има многу деца. Затоа, нема да биде болно и страшно да се разделите со детето, дури и привремено“, изјаби Василјев.