Гасоводите „Северен тек“ биле оштетени од „моќни експлозии“, соопшти данската полиција


  Прелиминарните истраги потврдија дека експлозиите биле причина за оштетување на двата големи гасоводи меѓу Русија и Европа минатиот месец, се вели во соопштението од вторникот на данските власти. „Истрагата потврди дека има голема штета на ‘Северен тек 1 и 2“ во ексклузивната економска зона на Данска и дека штетата е предизвикана од силни експлозии“, […]

Во размената на заробеници беа ослободени 108 украински жени


  Во размената на затвореници меѓу Русија и Украина, повеќе од 100 Украинки беа ослободени во понеделникот, вклучително и десетици кои беа заробени за време на опсадата на челичарницата „Азовстал“ во Мариупол во мај. Вкупно 218 заробени, меѓу кои 108 Украинки и 110 Руси, биле вклучени во размената, рече претседателот на Украина, Володимир Зеленски во […]

(Фото, видео) Објавени снимки од оштетувањето на „Северен ток“, најверојатна причина е силна експлозија


  Прелиминарната истрага за оштетувањето на два гасоводи „Северен ток“ во данскиот дел на Балтичкото Море покажува дека истекувањето дошло како последица на „силни експлозии“, соопшти денеска копенхашката полиција. Истрагата за прекините на гасоводите „Северен ток“ 1 и 2 на 26 септември во ексклузивната економска зона на Данска треба заеднички да ја водат полицијата во […]

Британија се обидува да го запре регрутирањето британски пилоти за обука на кинеската војска


Британското Министерство за одбрана предупреди на шеми за регрутирање поранешни британски воени пилоти за обука на кинеската војска, јави ДПА. Тие тврдат дека кинеските власти сакаат со големи суми пари да привлечат поранешни британски воени пилоти, за да го пренесат своето знаење на кинеската армија. Се наведува дека околу 30 поранешни британски воени пилоти веќе […]

Илон Маск го повлече барањето Пентагон да го финансира „Старлинк“ во Украина


  Американскиот милијардер и сопственик на „СпејсИкс“, Илон Маск, соопшти дека компанијата го повлекла барањето упатено до Пентагон да го преземе финансирањето на сателитскиот комуникациски систем „Старлинк“ во Украина. „’СпејсИкс’ веќе го повлече своето барање за финансирање“, напиша Маск во објавата на Твитер, коментирајќи ја статијата објавена од „Политико“. „Политико“ повикувајќи се на свои извори, […]

Во падот на рускиот борбен авион загинаа 13 лица


  Најмалку 13 лица загинаа откако руски борбен авион „“СУ-34 се урна во станбена зграда во западниот град Јејск за време на тренинг лет во понеделникот, јавуваат руските државни медиуми и власти. Меѓу загинатите се две бремени жени. Деветнаесет лица се повредени. Инцидентот се должи на пожарот на еден од моторите, објави државната новинска агенција […]

Администрацијата на Бајден планира да продава нафта од стратешките резерви


 Администрацијата на Џо Бајден планира да продава нафта од стратешките нафтени резерви во обид да ги намали цените на горивата пред изборите за Конгресот следниот месец, тврдат добро упатени извори, јавија дел од британските медиуми. Со продажбата, на пазарот ќе отидат останатите 14 милиони барели од претходно најавените од Бајден и досега најголемото земање од […]

Фридом Хаус: Слободата на интернетот опаѓа 12-та година по ред


Веќе 12-та година по ред, слободата на интернетот опаѓа на глобално ниво, се вели во извештајот на Фридом Хаус, кој ја гледа причината во влошувањето на условите главно во Русија, но и во Мјанмар, Судан и Либија. „Руската инвазија врз Украина ја ослабе слободата на интернет не само во Русија и Украина, туку и во […]

Украина тврди дека Русија „киднапирала“ две лица од нуклеарната централа „Запорожје“


Украинската државна агенција за нуклеарна енергија   ја обвини денеска  Русија дека привела двајца вработени од нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, во јужна Украина. Во соопштение на социјалните мрежи, Енергоатом нагласи дека руските сили синоќа го „киднапирале“ шефот на информатичката технологија Олег Костјуков и помошникот генерален директор на фабриката Олег Ошека. Според Енергоатом, […]

Шолц: Нема гасење на последните три германски нуклеарни централи


Германија ќе ја продолжи работата на своите последни три нуклеарни централи најмалку до април 2023 година, изјави во понеделникот канцеларот Олаф Шолц. „Ќе создадеме правна основа за работа на нуклеарните централи Isar 2, Neckarwestheim 2 и Emsland по 31 декември 2022 година, до 15 април 2023 година“, се наведува во писмото на канцеларот до владата, […]

Нови удари на Харкoв и на родниот град на Зеленски


Градовите Дњепро, Харкoв и Криви Рих, утрово се под воздушен напад од Русија, а забаележани се штети на инфраструктурата. Според Кирило Тимошенко, заменик-шеф на канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во Дњепро сериозни оштетувања има на енергетскта инфраструктура. Ќелникот на војската на администрацијата во Харкoв утрово објави дека Русија покренала нови удари на градот Харкiв […]

Франција се подготвува за големи нарушувања додека синдикатите повикуваат на штрајк во транспортот


Франција – Франција денеска се подготвува за големи нарушувања откако синдикатите свикаа национален штрајк во транспортот, бидејќи остануваат во ќорсокак со владата поради напуштањето на нафтените магацини, што предизвика недостиг на гориво. Тој потег доаѓа откако работниците во неколку рафинерии и складишта управувани од енергетскиот гигант „Тотал Енерџис“ (TotalEnergies) гласаа за продолжување на штрајкот. Нивната индустриска […]

Франција треба да плати милиони евра казни за лош квалитет на воздухот


Францускиот Врховен суд за административна правда – Државниот совет – и наложи на владата да плати милиони евра казни за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, јави ДПА. Судот пресуди дека владата не направила доволно за да обезбеди добар квалитет на воздухот. Помеѓу јули 2021 и 2022 година, горните граници за емисиите на азот […]

ЕУ собира докази за продажба на ирански дронови на Русија


Белгија – Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека ЕУ собира докази дека Иран наводно и продава беспилотни летала на Русија и ќе одговори доколку се докаже дека обвинувањата се вистинити. „Многу внимателно ја следиме оваа употреба на беспилотни летала. Собираме докази и ќе бидеме подготвени да реагираме со сите средства […]

Извештај: Администрацијата на Трамп ги цензурираше информациите за Ковид


САД–  Членови на тимот на Доналд Трамп спречија, додека тој беше во Белата куќа, здравствените службеници да дадат одредени информации за Ковид-19 со цел извештаите да бидат поусогласени со оптимистичката визија на поранешниот американски претседател, се вели во парламентарниот извештај објавен синоќа. Високи функционери во Центрите за превенција и контрола на болести (ЦДЦ), главната федерална […]

Трас се извини за „грешките“, но, „останува“ на функцијата


Англија – Премиерката на Велика Британија, Лиз Трас се извини за „грешките“ во својата програма поради што спласна довербата на инвеститорите и нејзиниот рејтинг падна, но, истакна оти нема да отстапи од должноста. – Сакам да ја прифатам одговорноста и да се извинам за сторените грешки, нагласи таа за Би-би-си. Таа сакала да дејствува, како и […]

Суд и наложи на Франција да плати милиони евра казни за лош квалитет на воздухот


Франција–   Францускиот Врховен суд за административна правда – Државниот совет – и наложи на владата да плати милиони евра казни за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, јави ДПА. Судот пресуди дека владата не направила доволно за да обезбеди добар квалитет на воздухот. Помеѓу јули 2021 и 2022 година, горните граници за емисиите на […]

Тринаесет загинати и 19 повредени откако се урна руски воен авион во зграда во Русија


Русија– Министерството за цивилна одбрана и вонредни ситуации на Краснодарската област  соопшти дека пожарот во катната зграда во градот Јејск, каде се урна воен авион, е изгаснат. „Пожарот во катната зграда е целосно изгаснат. Евакуирани се 250 луѓе, меѓу кои 40 деца. Сите се сместени во шест хотели и пансиони со капацитет од 500 легла“, се […]

Шолц нареди трите нуклеарни централи во Германија да работат до средината на април


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска нареди трите национални нуклеарни централи да останат во функција до средината на април следната година, за да се избегнат можните недостигања во снабдувањето со електрична енергија. Како што соопшти кабинетот на Шолц, германскиот канцелар денеска ја соопштил својата одлука преку писмо што го испратил до Владата. Министерот за економија Роберт […]

Унгарија не го прифати предлогот на ЕУ за обука на украински војници


Луксембург – Унгарската влада не го прифати предлогот на ЕУ за формирање мисија за обука на 15.000 украински војници на територијата на ЕУ, бидејќи тоа ќе доведе до опасност од ескалација на војната во Украина, изјави денеска во Луксембург унгарскиот премиер Петер Сијарто. Сијарто рече дека, во согласност со законот, не учествувал на гласањето на денешниот […]