Пад на бројот на заразени со Ковид-19 во Белгија


Главните индикатори за пандемијата од Ковид-19 бележат надолен тренд во Белгија.

Според последните податоци, помеѓу 25 и 31 октомври, бројот на дневно заразени со Ковид се намалил за 42 отсто во споредба со претходната недела, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на земјата.

Намален е и бројот на хоспитализирани поради оваа инфекција за 34 отсто, а пад бележи и бројот на починати. Во просек од Ковид-19 умреле 6,1 лице заразени со Ковид, што претставува намалување од 33 отсто, информира Институтот.

Моментално 900 лица се наоѓаат во болница поради коронавирусот, од кои 59 на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата 32,941 лице починало од Ковид-19 од почетокот на пандемијата во 2020.