Климатски активисти го блокираа Берлин, некои се тепаат со возачите


Климатските активисти во германскиот главен град Берлин ги блокираа улиците, покрај неодамнешните контроверзни и остри критики на нивните методи. Активистите седнаа на крстосниците во различни делови од берлин, а некои се залепија за патот, вели портпаролот на полицијата.

Демонстрациите предизвикаа долготрајни застои во сообраќајот. Во еден берлински кварт дојде и до физичка пресметка со возачите, соопшти полицијата. Демонстрантите чија група се нарекува „последна генерација“, , објавија дека некои од нивните членови носеле блузи на штрафти црно-бели, симболизирајќи затвореници, како знак на протест против затворањето на демонстранти во Минхен поради повторните блокади.

Тие бараат од германската влада дополнителни мерки насочени против климатските промени.

На удар на критика

Групата последните неколку недели речиси секојдневно ги блокира улиците, а на удар на критиката се најде по неодамнешниот случај на сообраќајка во која настрада велосипедист, откако возило на берлинските пожарникари доцнеше на интервенција поради сообраќајниот метеж предизвикан од блокадите. Повредената жена почина неколку дена подоцна.

Неколку политичари повикаа на поостри мерки против демонстрантите, а активистите се на удар и на интернет.

Полицијата и обвинителството истражуваат дали смртта на велосипедистката треба да падне на грбот на демонстрантите.Исто така, им се заканува и тужба против попречување пружање прва помош.

Сепак, групата „Последна генерација“, и покрај тоа продолжи да протестира со акции и ја повика владата на разговор.

„Не се работи за тоа дали некму се допаѓаме или не. Се работи за тоа дека општеството треба да стане свесно за климатските катастрофи“, велат тие.

Во Холандија пак, активисти со велосипеди бегаа по писта

Повеќе од 200 активисти на „Гринпис“ и “Екстинкшн ребелион“ беа уапсени во текот на викендот на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, каде приватни авиони полетуваат и слетуваат.

Според полицискиот портпарол Марехаус, ова е убедливо најголемиот број апсења досега тој аесродром. Беа ангажирани стотици воени полицајци.

„Активистите се регистрирани и идентификувани, иако сите немаа лични документи со себе. Ние го сфаќаме сериозно“, изјави портпаролот.

На крајот, Државното обвинителство одлучува што ќе биде со активистите. Тие упаднаа на пистата и седнаа под приватни авиони за да ги спречат да полетаат. Некои активисти се врзаа со синџири за авиони.

Се качуваа по оградите со скали. Други ја пробија оградата. Според портпаролот на Гринпис, повеќе од 500 демонстранти се обиделе да запрат приватни авиони. Некои се возеле со своите велосипеди преку пистата.

Гринпис во соопштението рече дека е „шокиран од непотребното насилство“. Како што соопшти акциската група, при апсењето е повредено едно лице.

Градоначалникот Мериен Шурманс од Харлемермер, каде што припаѓа и аеродромот, го критикуваше протестот.

„Ова нема никаква врска со договорените демонстрации. Оваа постапка е забранета, опасна и казнива“, рече таа.

Портпаролот на полицијата вели дека медицинскиот лет денеска бил пренасочен поради демонстрации. Сепак, повеќе детали не се откриваат од приватни причини.

Extinction Rebellion и Greenpeace Netherlands како одговор велат дека ниту еден дојдовен лет не е блокиран.