САД и Франција не ја отфрлаат можноста за испраќање борбени авиони во Украина


  САД и Франција не ја исклучуваат можноста за испорака на борбени авиони на Украина, посочија денеска претставниците на двете земји. На прашањето дали Вашингтон ја разгледува таа опција, Џон Фајнер, заменик-советник за национална безбедност на американскиот претседател, за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си изјави дека ниту еден вооружен систем не е исклучен. Поддршката, вели тој, ќе биде […]

Несоница довела до оставката на папата Бенедикт XVI во 2013 година


  Починатиот папа Бенедикт како главна причина за оставката ја наведе несоницата, се наведува во неговото писмо, чија содржина денеска ја пренесоа германските медиуми. Од почетокот на неговиот понтификат, Бенедикт речиси „постојано“ го мачела несоница, се наведува во писмото напишано неколку недели пред неговата смрт. Во писмото до неговиот биограф Петер Зевалд, до кое дојде […]

Жестока битка на истокот на Украина


  Во тек е жестока битка за Угледар, град во источна Украина кој руските сили се обидуваат да го освојат, соопштија денеска двете страни, а Киев изјави дека Москва „претерува“ со успехот на својата офанзива. Шефот на руската окупација на украинската област Донецк, Денис Пушилин, синоќа изјави дека „очекува добри вести“ од Угледар, рударски град […]

Зеленски: И денес рамнодушноста и омразата убиваат


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот истакна дека „рамнодушноста и омразата“ сè уште убиваат луѓе, алудирајќи на руската инвазија врз неговата земја. – Денеска, како и секој пат, Украина се сеќава на милионите жртви на холокаустот. Знаеме дека рамнодушноста и омразата убиваат. Рамнодушноста и омразата заедно создаваат зло, […]

Путин нареди напролет да започне голема офанзива во Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин наредил да подготви нова офанзива во Украина во февруари-март, и покрај претходните неуспеси на фронтот, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ. Офанзивата на руските трупи мора да започне пред Киев да добие модерни тенкови од САД и ЕУ. Тешките борби за Бахмут во регионот на Донецк ги […]

Орбан: Унгарија ќе стави вето на санкциите на ЕУ против Русија на нуклеарната енергија


 Унгарија ќе стави вето на сите санкции на Европска Унија против Русија кои влијаат на нуклеарната енергија, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за Државното радио. – Украина ја повика ЕУ да ја вклучи руската државна нуклеарна компанија Росатом под санкции, но Унгарија ја блокираше таквата одлука. Во интервјуто, Орбан повтори дека „очигледно мора да се стави вето“ […]

Вооружен напаѓач го убил шефот на обезбедувањето на Амбасадата на Азербејџан во Техеран


Маж вооружен со автоматска пушка „калашников“ денеска ја нападна амбасадата на Азербејџан во главниот град на Иран, Техеран, при што го уби шефот на обезбедувањето и рани двајца чувари, соопштија официјални лица. Сѐ уште никој не кажа кој би можел да биде мотивот за нападот во Техеран. Иранските медиуми не објавија веднаш за нападот. Во соопштението […]

Поројниот дожд предизвика поплави во Окленд


 Поројниот  дожд на Нов Зеланд предизвикаа поплави во најголемиот град, Окленд. Цивилната одбрана на Нов Зеланд ги предупреди околу 1,6 милиони жители на Окленд  да се засолнат од надојдената вода. Според Националниот институт за истражување на водата и атмосферата во Окленд наврнале 80 проценти повеќе од просечните летни врнежи. – Можно е во делови на […]

Чесите бираат нов претседател, фаворит е поранешниот генерал Павел


 Поранешниот командант на чешката армија Петр Павел, прозападен кандидат кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот премиер Андреј Бабиш додека Чесите влегуваат во вториот круг од гласањето за нов претседател. Пензионираниот генерал Павел (61) се кандидираше како независен кандидат и има поддршка од централно-десничарската чешка влада. Чешките претседатели немаат многу секојдневни […]

Советот на Европа бара судење на руските и белоруските лидери


Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во четвртокот едногласно побара формирање на специјален меѓународен кривичен суд во Хаг за кривично гонење на руските и белоруските политички и воени лидери кои „планирале, подготвувале, иницирале или извршиле“ руска агресорска војна против Украина. „Без нивната одлука да ја водат оваа агресорска војна против Украина, немаше да има […]

Лекари во Полска одбија абортус на силувано девојче со интелектуална попреченост


Болниците на североистокот на Полска одбија да извршат абортус на силувано 14-годишно девојче со инвалидитет, поради што таа морала да патува преку целата земја во главниот град Варшава за да изврши прекин на бременоста. Лекарите во Полска имаат право да повикаат на повикување на свеста во случај на абортус, но болниците се должни да ги […]

Блумберг: Јапонија и Холандија ќе им се придружат на САД во ограничувањето на извозот на чипови во Кина


  Јапонија и Холандија наскоро, по инсистирањето на Вашингтон, ќе им се придружат на САД во ограничувањето на извозот на опрема за производство на полупроводници во Кина, објави Блумберг. Разговорите меѓу земјите ќе завршат денеска, а Холандија ќе ја ограничи продажбата на АСМИЛ машини на Кина, што се користат за производство на одредени видови напредни […]

Силни експлозии кај најголемата нуклеарна централа во Европа


  Во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под руска окупација, вчера одекнаа силни експлозии, соопшти агенцијата за нуклеарна енергија на ОН МААЕ. Рафаел Гроси, претседателот на МААЕ, кој минатата недела ја посети Украина, изјави дека вчера Агенцијата забележала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот и уште еднаш повика […]

Американската армија елиминира висок претставник на ИД во Сомалија


  Американските сили за специјални операции спроведе успешна антитерористичка операција во Сомалија, при што е елиминиран висок претставник на Исламска држава и уште десет оперативци на терористичката група, соопшти висок претставник на администрација на претседателот на САД, Џо Бајден. Операцијата биле спроведена во северниот дел на Сомалија, а мета бил Билал ал Судани, задолжен за […]

Шпанската полиција изврши рација во куќата на Мароканецот кој уби црковен службеник и рани свештеник во Алгерисас


Шпанската полиција денеска изврши рација во домот на Мароканец кој е приведен за напади со мачети во две католички цркви во градот Алгерисас, на југот од земјата, во кои вчера беше убиен црковен службеник, а ранет еден парохискиот свештеник. Полицијата се уште го истражува мотивот за вчерашните напади, а судија од Националниот суд го истражува […]

Повеќе од 160 жртви од студот во Авганистан


Повеќе од 160 луѓе починаа од студ овој месец во Авганистан, каде зимата е најтешка во повеќе од една деценија, соопштија денес талибанските власти. Портпаролот на авганистанското Министерство за управување со природни катастрофи Шафиула Рахими изјави дека од 10 јануари досега поради многу студеното време загинале 162 лица, пренесе Ројтерс. Најстудената зима во последните 15 […]

Хакер од Холандија ги украл личните податоци на сите Австријци


  Неименуван хакер од Холандија ги украл адресите и личните податоци на сите жители на Австрија. Хакерот ги понудил податоците на продажба на интернет форум, претставувајќи ги како: „полно име, пол, полна адреса и датум на раѓање“, на секој граѓанин во Австрија. Украдената хакерска „збирка“ се состои од речиси девет милиони групи податоци, истакнува полицијата. […]

САД воведоа нови санкции за руската приватна воена компанија „Вагнер“


САД – САД денеска воведоа дополнителни санкции за руската приватна воена компанија „Вагнер“, соопшти Министерството за финансии. Американското Министерство за финансии објави дека ја означило групата Вагнер како „значајна транснационална криминална организација“. „Персоналот на Вагнер бил ангажиран во сериозни криминални активности, вклучувајќи масовни егзекуции, силувања, киднапирање деца и физичко малтретирање во Централноафриканската Република и Мали“, се […]

Паника и евакуација на музеј во Лион по дојава за бомба


  Антрополошкиот музеј во францускиот град Лион, денеска е затворен за посетители, откако сите вработени и посетители утрово биле евакуирани поради закана со бомба. Полициски извор вели дека истражителите и деминерите го испитале објектот. Менаџментот на музејот појасни дека морало да се затвори целиот објект од безбедносни причини, не наведувајќи детали. Трамвајот Т1, кој сообраќа […]

Силен земјотрес на северот на Италија


Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Италија претпладнево. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, пренесува EMSC. Се почувствува низ целиот регион Емилија-Романга и траеше неколку секунди. #Earthquake (#terremoto) possibly felt 29 sec ago in #Italy. Felt it? Tell us via:📱https://t.co/LBaVNedgF9🌐https://t.co/AXvOM7I4Th🖥https://t.co/wPtMW5ND1t⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically […]