Индија одлучи да ги почитува санкциите против Русија


  Индија нема да ги прекрши западните санкции против Русија, вклучувајќи го и плафонот на цената на руската нафта од 60 долари. Според извори на Блумберг, властите во земјата веќе неформално побарале од банките и трговците да се придржуваат до ограничувањата. Како дел од министерскиот состанок на Г-20 во Делхи, индиските власти разговараа за ова […]

Израел: Половина милион луѓе протестираа против судските реформи на Нетанјаху


  Половина милион Израелци излегоа на улиците во десеттата последователна недела протести против плановите на владата на Бенјамин Нетанјаху да го промени судскиот систем на земјата, тврдат организаторите. Израел има население од нешто повеќе од 9 милиони, па ако проценките на организаторите се точни, околу 5% од Израелците излегоа да го изразат своето противење на […]

(Видео) Русите користат оружје кое за неколку секунди го топи човечкото месо и уништува се пред себе


Руската армија уште еднаш употреби оружје кое за неколку секунди го топи човечкото месо и практично уништува се што ќе и се најде на патот. Русија продолжува да користи брутални тактики во источна Украина. Вчера армијата на рускиот претседател Владимир Путин претрпе големи загуби, што беше и најсмртоносниот ден од војната. Украина соопшти дека вчера […]

(Видео) Ова е моментот на страшниот верижен судар на автопат во Унгарија


  Се појави видео на кое се гледа моментот на верижен судар на автопат во Унгарија. Едно лице загина. Голем верижен судар на унгарскиот автопат М1 сними камера во камион. Во тешка сообраќајна несреќа во саботата на унгарскиот автопат М1 во областа Херцегалом загина маж (44). Неговото тело е пронајдено под остатоците на изгорениот автомобил, […]

Поради штрајк откажани повеќе од 350 летови за понеделник во Германија


  Четири германски аеродроми во понеделник ќе имаат побавен сообраќај поради откажувањето на повеќе од 350 летови и планираниот 24-часовен штрајк на безбедносните службеници, соопшти синдикатот Верди. „Очекуваме подолго чекање на аеродромите и откажување на летови“, велат од синдикатот кој го поддржува штрајкот на вработените кои бараат повисоки плати и подобри услови за работа. Ќе […]

СЗО: Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив


Откривањето на потеклото на Ковид-19 е морален и научен императив и сите хипотези мора да се истражат, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој на Твитер напиша дека разбирањето на потеклото на Ковид-19 е научен императив, бидејќи ќе помогне да се спречат нови избувнувања, но и морален императив бидејќи милиони […]

Францускиот Сенат ја усвои пензиската реформа на Макрон


Францускиот Сенат синоќа го усвои планот за пензиски реформи на претседателот Емануел Макрон со 195 гласа „за“ и 112 „против“. Клучна одредба од нацрт-законот е да се зголеми старосната граница за пензионирање за две години, на 64 години. Горниот дом на францускиот парламент гласаше за текстот по седмиот ден од националните протести против планот. Мнозинството […]

Еруптира вулкан во Индонезија, засега нема евакуација


  Еден од најактивните вулкани во индонезија, Мерапи во Јогиакарта, еруптира денеска околу пладне по локално време. Мерапи е висок околу 3.000 метри, а врелиот облак кој го изфрли се качува до 7 км, додека реку лава течат до 1,5 км, потврдија од државната агенција за катастрофи. Иако засега никој не е евакуиран, властите на […]

Верижен судар во близина на Будимпешта, повеќемина тешко повредени


Страшна сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопат во Унгарија. Повеќе од 40 камиони и автомобили биле дел од верижниот судар на 26-от километар од автопатот М1, што најверојатно се случил поради бура од прашина. Веднаш по несреќата избувнал пожар. Полицијата во Будимпешта соопшти дека повеќе десетици луѓе се повредени, од кои некои се наоѓаат […]

Универзитетската болница „Сен Пјер“ во Брисел била цел на кибер напад


 Компјутерските сервери на Универзитетската болница „Сен Пјер“ во центарот на Брисел биле цел на кибер напад ноќеска, јавија белгиските медиуми. „Многу брзо успеаја да откријат абнормална активност на компјутерската мрежа и околу 4 часот утрово открија дека повеќе од веројатно сме жртва на кибер напад“, објасни Филип Лерој, извршен директор на болницата за белгиските медиуми. […]

Американец ослободен по 19 години затвор за убиство што не го извршил


Американецот Шелдон Томас (35), кој во затвор помина 19 години поради убиство, ослободен е во петокот откако беше откриено дека детективите навеле сведок да идентификува погрешна личност. На Томас, кој е осуден за убиство на 14-годишно момче на Бадник 2004 година во Њујорк, пресудата му е поништена, години откако очевидецот го идентификувал врз основа на […]

Отровно тло – уште една последица на војната во Украина


Уште една страшна последица од војната во Украина што допрва ќе се почувствува ширум светот е токсичната почва. Украина е позната како „житницата на Европа“, но сега се поставува прашањето каков ќе биде квалитетот на тоа жито и секако последиците по здравјето на луѓето од жито растено на отровна земја. Боевата муниција содржи олово, жива […]

Држел жена во заробеништво во приколка цели четири години


Американецот Абрахам Браво Сегура (42) е обвинет за киднапирање бидејќи четири години држел жена затворена во приколка во Хјустон, пишува CNN. КТРК јавува дека жртвата успеала да повика помош од мобилниот телефон додека Сегура била на работа. Таа им кажа на замениците на Канцеларијата на шерифот на округот Харис дека тој ја држел под пиштол, […]

Германскиот министер за финансии: Буџетот за одбрана треба да се зголеми


Буџетот за одбрана на Германија ќе мора да се зголеми „во следните години“, изјави министерот за финансии на земјата Кристијан Линднер во интервју за „Велт ам Зонтаг“. Тој во четврток го одложи претставувањето на првиот предлог-буџет, но се очекува в среда јавно да ги соопшти буџетските планови и финансиските проекции до 2027 година. Во интервјуто […]

Третина од светските мориња добиваат заштитен статус


На секој десетти вид што живее во светските мориња му се заканува исчезнување, поради што членките на Обединетите нации постигнаа историски договор по десет години преговори. Според Договорот за светските мориња, 30 отсто од површината на водата на Земјата ќе добие заштитен статус до 2030 година, со цел зачувување и обновување на екосистемот во нив. […]

Новиот кинески премиер досега не работел во владата, прв таков пример во историјата


 Кинескиот Парламент денеска го избра Ли Чианг за премиер во гласање што беше практично формалност, јавија западни медиуми. Ли е близок доверлив човек на претседателот Си Џинпинг, кој вчера беше реизбран за трет мандат. Кинескиот национален народен конгрес во голема мера само ги одобрува одлуките на владејачката Комунистичка партија. Еднодомниот Парламент вчера едногласно го реизбра […]

Поплави во австралиски Квинсленд, евакуирани се луѓе


  Австралиската полиција ги повика жителите на северниот град Бурктаун во државата Квинсленд на евакуација поради тешките поплави во регионот, по повеќедневните обилни врнежи од дожд. Поплавта во Бурктаун, во заливот Карпентарија, е најлоша досега, со ниво на реките кои надминаа 6,78 метри измерени во март 2011 година, според Канцеларијата за методологија на австралиската влада. […]

Белгија го забранува ТикТок на службените мобилни телефони на владата


  Вработените во белгисјата сојузна влада на своите службени телефони нема веќе да можат да ја користат видеоапликацијата ТикТок, која е во сопственост на кинезите, најави премиерот Александар де Кора. Де Кроа појасни дека белгискиот совет за национална безбедност предупредил на ризиците поврзани со голни количини податоци кои ги собира ТикТок, а е во сопственост […]

Украина вели дека Бахмут ги троши најдобрите руски единици


  Украина одлучи да се бори во разурнатиот град Бахмут бидејќи битката ги држи на тој фронт најдобрите руски единици пред планираната украинска пролетна контраофанзива, изјави помошник на претседателот Володимир Зеленски. Коментарите на Михаило Подољак во петокот беа последниот сигнал за промената на Киев оваа недела да ја продолжи одбраната на малиот источен град, каде […]

Британија ја одлага изградбата на дел од брзата железничка линија


Велика Британија најави дека ќе ја одложи изградбата на дел од новата брза железничка линија што треба да го поврзе Лондон со северна Англија поради зголемување на трошоците. Одложувањето на проектот HS2 е тежок удар за планот за модернизација на железничката мрежа и зголемување на капацитетот на транспортните линии. – Инфлациските притисоци се значителни, а […]