Зеленски воведе десетгодишни санкции


Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции против 33 руски државјани и 225 компании, се вели во декретот објавен на веб-страницата на претседателот.

Како што е наведено, десетгодишните санкции вклучуваат замрзнување на имотот, забрана за трговија и одземање лиценци, пренесе ТАС С.

Меѓу другото, Зеленски воведе санкции против пратениците од самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), регионите Запорожје и Херсон во горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата.

Против пратеничката од самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), Наталија Никонорова, која претходно беше министерка за надворешни работи на ДНР, Украина веќе воведе санкции.

Зеленски воведе санкции и за поранешниот претседател на украинскиот производител на авионски мотори „Мотор Сич“ Вјачеслав Богуслаев, се вели во декретот објавен денеска.