Вардар го однесе Брест во второто полувреме


Ракометарите на Вардар ја забележаа петтата победа во шестиот натпревар од Лигата на шампионите. Црвено-црните беа подобри од белорускиот шампион Мешков Брест со 30-23. Скопјани до убедливата предност и победа дојдоа во второто полувреме, бидејќи на полувреме резултатот беше израмнет (14-14). Играч на мечот беше хрватскиот репрезентативец, кој постигна 11 гола, додека Иван Чупиќ и […]

Реал победи во дебито на Солари


Екипата на Реал Мадрид го совлада Ваљадолид со 2:0 во натпреварот од 11. круг на шампионатот на Шпанија и на тој начин ја прекина серијата од пет натпревари без победа. Головите за „кралскиот клуб“ ги постигнаа Кико (автогол) во 83. минута и Серхио Рамос од пенал во 88. минута. Со трите освоени бода Реал стигна […]

Нов кикс на Баерн, Борусија на +4


Германскиот шампион Баерн Минхен одигра само 1:1 на домашен терен попладнево со Фрајбург и му дозволи на ривалот за врвот Борусија Дортмунд да ја зголеми предноста на четири бода. Резултати на досега одиграните натпревари од 10.коло во Бундеслигата: Штутгарт – Ајнтрахт 0:3 Аугсбург – Нирнберг 2:2 Баер – Хофенхајм 1:4 Баерн – Фрајбург 1:1 Шалке […]

Хачанов ги чека Федерер или Ѓоковиќ


Рускиот тенисер Карен Хачанов ќе игра во финалето на турнирот од Мастерс серијата 1000 што се одржува во Париз. Хачанов попладнево по само 70 минути во првото полуфинале го совлада Доминик Тим од Австрија со 2-0, по сетови 6:4 и 6:1. Противник на Русинот во финалето ќе биде подобриот од мечот Новак Ѓоковиќ – Роџер […]

Претседателот на ФИФА им помагал на ПСЖ и Сити да го заобиколат финансискиот ферплеј


Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се најде во центарот на масовни откритија по истекување тајни информации од „Фудбал ликс“, објавени од германскиот весник „Шпигел“. Наводите се дека тој, како генерален секретар на УЕФА, ги бранел интересите на Манчестер Сити и ПСЖ. Во сопственост на компании од Блискиот Исток, двата клуба добија огромни инвестиции во последната […]

Барса тргнува по Хари Кејн


Барса има за цел да ја привлече гол машината на Тотенхем, Хари Кејн за долгорочен наследник на ветеранот Луис Суарез, тврди „Ел Мундо Депортиво“. Се очекува по крајот на сезоната Каталонците да упатат голема понуда за голгетерот на „петлите“ и да се обидат да го привлечат во своите редови. Тренерот на шпанскиот гигант Ернесто Валверде […]

Гвардиола: Никогаш не сум се обидел да потпишам со Меси


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола уште еднаш ги негираше информациите дека се обидувал да го привлече Лионел Меси на „Етихад“. – Никогаш не разговарав со него за да дојде во Баерн или Манчестер Сити. Никогаш не сакав такво нешто од моите клубови, бидејќи знам колку е важен тој за Барселона. Никогаш не сум го […]

Бентнер осуден на 50 дена затвор поради напад врз таксист


Суд во Копенхаген денеска го осуди поранешниот фудбалер на Арсенал, Никлас Бендтнер на 50 дена во затвор, поради нанесување физички повреди на таксист во главниот град на Данска на 9 септември оваа година. Според медиумите во Данска, за докажување на вината на данскиот фудбалер е користена видео снимка, на која се гледа како Бентнер го […]

Азар е здрав, но не е подготвен за 90 минути игра


Ѕвездата на Челзи, Еден Азар ги надмина проблемите со грбот, но се уште не е подготвен за полни 90 минути игра, изјави тренерот на „сините“, Маурицио Сари на прес-конференција пред натпреварот в недела против Кристал Палас. – Еден вчера тренираше и го мина речиси целиот тренинг со тимот. Можеби тој не е подготвен да одигра […]

Лоши вести за Сити: Де Бруин шест недели во аут


Најважниот играч за англискиот шампион Манчестер Сити во минатата сезона, Кевин де Бруин, и натаму нема среќа од почетокот на оваа сезона. Откако пропушти два месеци поради повреда на десното колено, сега Белгиецот ќе биде во аут упте пет или шест недели, откако вчера се здоби со повреда на левото колено. Лошото е што овој […]

Манчестер Сити подготвен да плати 500 милиони евра за Лионел Меси


Манчестер Сити подготвен е да активира откупна клаузула од 250 милиони евра за фудбалерот на Брселона, Лионел Меси и да му понуди иста сума за плата во нето износ. Како што објави шпанскиот весник „Ел Мундо“ поранешниот потпретседател на Барселона, Феран Соријано сега функционер кај „граѓаните“, веќе имал разговор со таткото на Меси и менаџерската […]

Вардар пушти дополнителни 500 билети за мечот со Барселона


Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона, од тимот соопштија дека се пуштени во продажба дополнителни 500 билети по цена од 150 денари. Билетите за стоење и веќе се пуштени во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”. Натпреварот со Барселона е закажан за 11 ноември во 17 […]

Златан Ибрахимовиќ ја објави втората книга


САД – Шведската фудбалска ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ ја објави втората биографија на пазарот.  По „Јас сум Златан“, во која раскажува за својот живот надвор од теренот, сега шведскиот напаѓач објавува книга „Јас сум фудбал“, во која се опишува неговата спортска кариера. – Ќе има многу слики и интервјуа со мене и со луѓето со кои сум работел. […]

Аргентина повторно без Меси за натпреварите со Мексико


Репрезентацијата на Аргентина повторно ќе биде без својата суперѕвезда Лионел Меси за претстојните пријателски натпревари со Мексико. Меси по Мундијалот 2018 одлучи да земе пауза од репрезентацијата на неодредено време. Остава впечаток дека недостигаат и имињата на напаѓачите Гонзало Игуаин, Серхио Агуеро и Анхел Ди Марија, кои исто така не играле за „гаучосите“ по елиминацијата […]

Јунајтед му става вето на Мурињо


Минатата трансфер сезона беше кошмарна за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо. Португалецот не доби ниту еден од посакуваните играчи на „Олд Трафорд“ и имаше тензија помеѓу него и раководството на тимот. Во текот на сезоната работите се потсмирија меѓу двете страни, но целите на Специјалниот во зима, исто така, нема да бидат донесени во […]

Робен размислува да се врати во Холандија


Крилото на Баерн Минхен, Арјен Робен може да го напушти клубот во летото 2019 година. Триесет и четири-годишниот фудбалер може да се врати во својата татковина за да го носи дресот на Гронинген, објавија  локалните медиуми. Со холандскиот клуб Робен го потпиша својот прв професионален договор во 2000 година. Робен игра во Баерн Минхен од […]

Вајт: Се надевам дека казната на Нурмагомедов ќе биде мала


Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт коментираше пред медиумите во САД за можното отстранување на шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов за инцидентите по победата над Конор Мекгрегор во УФЦ 229. – УФЦ не може да влијае на процесот, се е во рацете на комисијата. Сослушувањето ќе биде во декември и се надевам дека Хабиб ќе […]

Ловрен: Рамос прави повеќе грешки од мене


Централниот дефанзивец на Ливерпул, Дејан Ловрен, беше критикуван откако самиот се посочи како еден од најдобрите светски дефанзивци. Хрватот продолжи да ја брани својата теза во интервју за каналот „Копа 90“ на „Јутјуб . – Реков дека сум еден од најдобрите, а не најдобар. Кажете ми оваа сезона, кој играше во финалето на Лигата на […]

Роберто Мартинез по прашање за Реал Мадрид: Да не губиме време


Тренерот на Белгија, Роберто Мартинез, не сакаше да коментира за можноста да го преземе Реал Мадрид. Шпанскиот тренер на „црвените ѓаволи“ е меѓу варијантите за позицијата во „лос бланкос“ по разрешувањето на Хулен Лопетеги и привременото назначување на Сантијаго Солари. – Да не губиме време со ова, одговори тој гласно за „ВТМ Ниеувс“, прашан за […]

Марадона доби споменик во Буенос Аирес


Eден ден по роденденот на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, односно вчера, во Буенос Аирес беше откриена негова статуа висока 2,8 метри. Марадона завчера наполни 58 години. – Скулптурите обично се подигаат во чест на починати, а Диего е жив. Тој ја заслужува почитта додека сѐ уште е жив, и луѓето би требало да знаат […]