Олимпијакос го исфрли Милан од Лига Европа!


Фудбалерите на Милан го завршија учеството во Лига Европа откако загубија со  3-1 на гостувањето кај Олимпијакос и му дозволија на грчкиот тим да мине во следната фаза и тоа само поради подобрата гол-разлика од Милан.

Бетис и Олимпијакос од оваа група ќе бидат вклучени во утрешната ждрепка за првата нокаут-рунда.

Тренерот на „Росонерите“, Џенаро Гатузо,  беше разочаран од елиминацијата и вели дека комплетно е заслужено тоа што не оди понатаму.