Пике: Ќе дојде денот кога и јас ќе престанам да уживам во фудбалот


Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, рече дека ќе го напушти каталонскиот клуб ако престане да ужива во фудбалот.

Во последниве неколку недели, Барселона играше добро. Постигнавме добри резултати, покажавме високо ниво. Сега размислуваме за нашиот следен натпревар. Јас уживам во играта и се додека е така ќе настапувам. Во моментот кога ќе престанам со задоволство да играм , ќе заминам, вели Пике.

Во досегашниот дел од сезоната Пике играше на 22 натпревари за Барселона, постигна пет гола и оствари една асистенција.