Клоп: Манчестер Јунајтед има многу квалитет


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека не е заинтересиран за табелата и бодовите на Манчестер Јунајтед пред дербито помеѓу двата тима на „Енфилд“ оваа недела. Според Германецот, „црвените ѓаволи“ имаат доволно квалитет во составот.

– Ова е многу важен и многу посебен натпревар. Никогаш не сум заинтересиран за бодовите на Манчестер Јунајтед. Свесен сум со критиките, но кога анализираме, гледаме дека во овој тим има многу квалитет, техника, сила … Де Хеа на голот. Рашфорд, Лукаку и Лингард исто се неверојатни, изјави Клоп.

Германецот гледа мирно на фактот дека има само двајца здрави централни дефанзивци за претстојното дерби откако Џо Гомез и Жоел Матип добија повреди. Трент Александар-Арнолд исто така е аут поради повреда.

– Таква е ситуацијата. Има криза, само ако чуствуваш дека тоа е криза. Повредата на Трент не е толку сериозна колку на останатите две момчиња, но е јасно дека тоа не е најдобра вест. Жоел исто така немаше среќа, бидејќи неговата повреда се случи во последната секунда од натпреварот. Не е пријатно, но додека имаме доволно играчи, нашата работа е да најдеме решение, а ние имаме такво за викендот, изјави Клоп, кој додаде дека Натаниел Клајн е подготвен и може да игра против Манчестер Јунајтед.