Две шлаканици за Милан во еден ден


Италијанскиот гигант Милан се соочи со два силни удари во рок од неколку часа. Најпрво, во четвртокот вечерта доживеа шокантна елиминација во фудбалската Лига Европа откако во последното коло од групната фаза загуби на гостувањето во Атина кај Олимпијакот со 3-1. Иако на крајот имаше ист број бодови како грчкиот тим, „црвено-црните“ се збогуваа од Европа поради послабата гол-разлика.

Сакам да им се извинам на навивачите на Милан. Многу ми е жал. Според мое мислење, овој натпревар беше чуден и на крајот со казна за нашите промашувања. Но, изговори не треба да има. Ја преземам целата одговорност“, изјави тренерот Џенаро Гатузо.

Веќе утредента, Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Милан со 12 милиони евра и му се закани со едногодишна суспензија од континенталните натпреварувања поради кршење на финансискиот фер-плеј. Тоа е една од најголемите парични казни што УЕФА ги има изреќено откако почна да санкциноира во 2014 година. Единствено, ПСШ и Манчестер Сити платија повече – по 20 милиони евра.

Парите, како што е вообичаено, УЕФА ќе си ги наплати од наградите на Милан за учество во Лига Европа и другите гарантирани приходи што клубот ги оствари натпреварувајќи се во вториот по големина европски ранг. Интересно, УЕФА во јуни 2017 година го исфрли Милан од Лига Европа поради кршење на правилото за надгледување на трошоците на трансфери и плата на играчи, но Судот за спортска арбитража наложи поблага казна. „Миланезите“ оваа година потрошија над 200 милиони евра за купување играчи.

Македонскиот судија Александар Ставрев го водеше мечот во Унгарија каде домашниот МОЛ Види со Бобан Николов одигра 2-2 со Челзи, но не успеа да помине во елиминациската фаза. По двомесечната пауза поради повреда, Стефан Ристовски се врати на терените во дресот на португалски Спортинг Лисабон. Тој ги одигра последните 30 минути во мечот со Ворскла (3-0). Португалците завршија втори зад Арсенал и напролет ќе играат во Лига Европа. Аријан Адеми поради жолти картони не настапи за Динамо Загреб против Андерлехт (0-0), но и тој со нетрпение ќе ја чека понеделничката ждрепка, бидејќи „модрите“ по пауза од 49 години, повторно се дел од европската пролет.
Лига Европа, 6 коло

Група А

Лудогорец – Цирих 1:1

АЕК Ларнака – Баер Леверкузен 1:5

Табела: Баер Леверкузен 13, Цирих 10, АЕК Ларнака 5, Лудогорец 4.

Група Б

Селтик – Салцбург 1:2

Лајпциг – Розенборг 1:1

Табела: Салцбург 18, Селтик 9, Лајпциг 7, Розенборг 1.

Група Ц

Славија Прага – Зенит Санкт Петербург 2:0

Копенхаген – Бордо 0:1

Табела: Зенит Санкт Петербург 11, Славија Прага 10, Бордо 7, Копенхаген 5.

Група Д

Динамо Загреб – Андерлехт 0:0

Спартак Трнава – Фенербахче 1:0

Табела: Динамо Загреб 14, Фенербахче 8, Спартак Трнава 7, Андерлехт 3.

Група Е

Арсенал – Карабаг 1:0

Спортинг Лисабон – Ворскла 3:0

Табела: Арсенал 16, Спортинг Лисабон 13, Ворскла 3, Карабаг 3.

Група Ф

Олимпијакос – Милан 3:1

Дуделанж – Бетис 0:0

Табела: Бетис 12, Олимпијакос 10, Милан 10, Дуделанж 1.

Група Г

Рапид Виена – Глазгов Ренџерс 1:0

Вилјареал – Спартак Москва 2:0

Табела: Вилјареал 10, Рапид Виена 10, Глазгов Ренџерс 6, Спартак Москва 5.

Група Х

Лацио – Ајнтрахт Франкфурт 1:2

Олимпик Марсеј – Аполон 1:3

Табела: Ајнтрахт Франкфурт 18, Лацио 9, Аполон 7, Олимпик Марсеј 1.

Група И

Генк – Сарпсборг 4:0

Бешикташ – Малме 0:1

Табела: Генк 11, Малме 9, Бешикташ 7, Сарпсборг 5.

Група Ј

Ахисар – Стандард Лиеж 0:0

Севилја – Краснодар 3:0

Табела: Севилја 12, Краснодар 12, Стандард 10, Ахисар 1.

Група К

Динамо Киев – Јаблонец 0:1

Рен – Астана 2:0

Табела: Динамо Киев 11, Рен 9, Астана 8, Јаблонец 5.

Група Л

Види МОЛ – Челзи 2:2

ПАОК – БАТЕ Борисов 1:3

Табела: Челзи 16, БАТЕ Борисов 9, Види МОЛ 7, ПАОК 3.