Познати осминафиналните двојки во ЛШ: Јунајтед на ПСЖ, Ливерпул со Баерн


Во седиштето на УЕФА во Нион, попладнево беа извлечени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Бранителот на трофејот и победник во последните три изданија на елитното фудбалско натпреварување, Реал Мадрид ќе игра со Ајакс.

Двојки за 1/8 во ЛШ

Шалке – Манчестер Сити
Атлетико Мадрид – Јувентус
Манчестер Јунајтед – ПСЖ
Тотенхем – Борусија Дортмунд
Лион – Барселона
Рома – Порто
Ајакс – Реал Мадрид
Ливерпул – Баерн

Првите натпревари ќе се играат на 12/13, односно, на 19/20 февруари, реваншите се на 5/6 и 12/13 март.

Финалето ќе се игра на 1 јуни 2019 година на стадионот на Атлетико Мадрид.