АСЕАН со став за Конгресот на ФИФА: Југоисточна Азија ќе гласа за Инфантино


Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино доби нова поддршка во неговата кампања за нов мандат на чело на  централата на Конгрес што е закажан во јуни во Париз.

Фудбалската конфедерација АСЕАН што ги обединува земјите од Југоисточна Азија објави дека сите нејзини членови изразиле поддршка за Инфантино. Регионалната група вклучува 12 земји, вклучувајќи ги Австралија, Тајланд, Индонезија и Виетнам.

Вкупно 211 земји ќе бираат претседател на ФИФА на изборен конгрес на 5 јуни во Париз следната година.

Инфантино има целосна поддршка на секој континент или од регионална федерација надвор од Европа и изгледа како апсолутен фаворит во моментот, а крајниот рок за доставување на кандидатурите е 5 февруари.

Ако биде избран, Инфантино ќе го добие својот прв целосен мандат откако го презеде управувањето на светскиот фудбал во 2016-та година за довршување на мандатот на Сеп Блатер (83) кој беше принуден на оставка, откако обвинителството на САД започна истрага за корупција на највисоко ниво во ФИФА.