Мурињо пред дербито со Ливерпул: Имаме тим кој може да се бори за победа


Ливерпул е на чело на табелата, но трофеите се оние кои се бројат, изјави менаџерот Жозе Мурињо пред натпреварот на Манчестер Јунајтед против Ливерпул во недела. Тимот на Јирген Клоп и понатаму е без пораз оваа сезона, но Германецот сè уште нема донесено трофеј на „Енфилд“ и тоа може да одигра важна улога во овој меч и во текот на целата сезона како целина.

– Трофеите имаат значење. Тоа е точно најмногу тогаш, кога имаш потенцијал да се бориш за такви и секогаш кога ги потенцираш директно амбициите за нешто големо. Јирген веќе рече дека тие сакаат да ја освојат Премиер лигата и тоа е нивната најголема цел, рече Португалецот на редовниот прес пред мечот.

Јунајтед ќе се соочи со Ливерпул со многу проблеми. Маркос Рохо беше повреден на натпреварот во Валенсија, додека аут од игра, исто така, се Виктор Лиделоф и Алексис Санчез. Лук Шо, Крис Смолинг, Матео Дармијан и Антони Марсијал ќе бидат под знак прашалник до последната минута, откако четворицата ја пропуштија посетата на Шпанија. На „Енфилд“ сепак ќе се појават Маркус Рашфорд, Џеси Лингард и Ешли Јанг.

– Играме против лидерот во првенството и тим кој е во топ форма, но и ние имаме квалитети и потенцијал. Дури со овие проблеми со изборот на тактика, пристап и филозофија, ние сепак имаме тим кој може да се бори за победа, додаде Мурињо.