Меси со казна од три месеци за настап за Аргентина


На ѕвездата на Аргентина, Лионел Меси му е забрането учество на меѓународни дуели во дресот на „гаучосите“ за три месеци. Казната на стрелецот доаѓа по неговите остри зборови упатени кон КОНМЕБОЛ, кои дојдоа откако Аргентинците беа елиминирани од Копа Америка. Во директен текст, Меси ги обвини јужноамериканските фудбалски шефови за корупција и изјави дека судиите […]

(Видео) Мурињо: Моите успеси со Јунајтед се потценети


Жозе Мурињо е на мислење дека неговите успеси и работа во Манчестер Јунајтед продолжуваат да бидат потценети од навивачите и аналитичарите. Португалецот го освои трофејот во Лигата на Европа во 2017 година и заврши на второто место во Премиер Лигата следната година, за кој рече дека се големи успеси, но остануваат потценети. – Можам да […]

„Златна малина“ за Шкендија


Прашањето „може ли подобро“ што со години е присутно во македонскиот клупски фудбал, па ако сакате и веќе одомаќинето како вечна дилема, од ова лето е се наметната потреба од преформулација во „може ли полошо“. Македонија Ѓорче Петров, Шкупи и Академија Пандев како да играа за „најдобра споредна улога“ на некој филмски фестивал оти за […]

Далила Мухамад – новата атлетска ѕвезда: Изгледа како божица, трча како молња


Светската атлетика има нова ѕвезда. Американката Далила Мухамад (29) продолжи со својата доминација во трките на 400 метри со пречки. На Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година се закити со злато, а викендот, во рамки на националното првенство на САД, стана и светска рекордерка. Делницата ја мина за неверојатни 52,20 секунди со што […]

Резултати од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите


Седум реванш натпревари од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите се одиграа вчера, 30 јули. Дербито меѓу Базел и ПСВ Ајндховен заврши со победа од 2:1 на домашните, што му овозможи на швајцарскиот тим да оди во следната фаза поради повеќе голови на гостински терен ЛШ, втора квалификациска рунда, реванш натпревари: Номе Калју – […]

Шкендија одигра нерешено против Дуделанж


Македонскиот шампион КФ Шкендија, вечерва во Луксембург одигра нерешено против Дуделанж со резултат 1:1, но тоа не беше доволно за да ги продолжи европски натпреварувања оваа сезона.   Фудбалерите на Шкендија заминаа за Луксембург со голема желба да направат пресврт на вкупниот резултат, откако во Скопје на домашен терен беа поразени со резултат 1:2. Со […]

Се здружуваат ракометните клубови „Еурофарм Работник“ и „Пелистер“


Советот на Општина Битола денекас на официјална седница ја почна постапката за здружување на ракометните клубови „Еурофарм Работник“ и „Пелистер“ кои се натпреваруваат во најдобрата македонска ракометна лига. Битолските советници пред себе ја имаа и дискутираа за „Платформа за ракометна Битола“ која ја изработи раководството на РК „Еурофарм Работник“, тим кој годинава обезбеди учество во […]

Крушево домаќин на ФАИ Светско првенство во параглајдерство


Крушево и Пелагонискиот регион годинава ќе бидат домаќини на ФАИ Светското првенство во параглајдерство што ќе се одржува од 5 до 18 август, со учество на светска елита од 150 гости, изјавија на денешната прес-конференција директорот на АМС, Дарко Каевски, претседателот на Воздухопловната федерација на Северна Македонија, Владимир Бараковски и градоначалникот на Крушево, Томислав Христовски. […]

РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра на сениорската репрезентација за пласман на ЕП 2020


Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското Првенство кое ќе се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска 2020 година. Македонските репрезентативци го освоија првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Исланд, Турција и Грција, со што […]

Марадона успешно опериран


Аргентина – Светската фудбалска легенда, Диего Марадона беше подложен на операција на десната нога. Поранешниот играч сподели видео со кое се гледа како се движи во болница во Буенос Аирес, но со завој. Диего Марадона сè уште има потреба од помош од други луѓе за да оди, но сепак напиша дека оди „како што не […]

Отфрлен случајот за силување против Нејмар


Полицијата во Сао Паоло ја затвори истрагата против фудбалерот Нејмар да Силва за силување поради недостиг на докази. Манекенката Наила Триндаде го обвини Нејмар за сексуален напад во мај во Париз. Фудбалерот на ПСЖ ги негираше обвиненијата и тврдеше дека тоа е обид за изнуда. Тој на Ватсап објави пораки и фотографии што ги добивал […]

Шарапова и Венус Вилијамс добија „вајлд-карта“ за турнирот во Синсинати


САД – Поранешните бр.1 во светот, Марија Шарапова и Венус Вилијамс добија специјални покани да учествуваат во главната шема на ВТА турнирот во Синсинати. Лидер во шемата ќе биде Ешли Барти, по што следат Наоми Осака и Каролина Плишкова. Актуелен шампион е Холанѓанката Кики Бертенс. Турнирот ќе се одржи помеѓу 10 и 18 август. – Марија […]

Баерн уверен дека ќе го има Сане


Тренерот на Баерн Минхен Нико Ковач изјави дека е уверен дека фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане, ќе го засили неговата екипа ова лето. „Скај Германија“ соопшти дека претставниците на Бајерн имале позитивни разговори со менаџерот на Сане за неговиот трансфер во Алијанс арена. – Лерој е многу добар играч, го сакаме и клубот работи […]

Џеко се поблиску до Интер


Рома и Интер направија компромис околу цената на трансферот за босанскиот фудбалер Един Џеко. „Тутомеркато“ наведува дека двата клуба се договорија за цена од 15 милиони евра, откако Рома бараше 20, а Интер нудеше 12 милиони.   Италијанските медиуми наведуваат дека директорот на Интер Џузепе Марота вечерва ќе ги договори деталите со претставниците на Рома, […]

Евра објави крај на кариерата


Ветеранот Патрис Евра го објави крајот на неговата фудбалерска кариера. 38-годишниот лев бек сподели дека сака да добие лиценца и да тренира тим. – Мојата кариера е официјално завршена. Во 2013 година ја започнав обуката за добивање лиценца на УЕФА за категорија Б. Сакам да ја завршам, а потоа да добијам лиценца А. По година […]

Македонија на голф турнир во Литванија


Тимот на македонската голф репрезентација на 31 јули во Вилнус Литванија ќе учествува на голф турнир во организација на Eвропската голф асоцијација (EГА). Нашиот тим го предводи капитенот Димитар Георгиев кои заедно со Илија Остојчиќ, Игор Стоименов и Наум Јанакиев на овој турнир ќе се обидат да ја темпираат формата пред државното првенство „Мацедониан опен“ […]

Верстапен славеше пред Фетел на Големата награда на Германија


Макс Верстапен од тимот на „Ред бул“ е освојувач на годинешната Голема награда на Германија. Холанѓанецот извози 64 круга на патеката Хокенхајмринг со време 1 час 44 минути 31 секунда и 275 стотинки. Второто место му припанда на Германецот Себастијан етел од Ферари, кој направи голем пресврт, односно до второто место стигна откако стартуваше последен. […]

Басилашвили ја одбрани АТП титулата во Хамбург


Грузискиот тенисер Николоз Басилашвили го одбрани насловот на АТП турнирот во Хамбург, Германија. Басилашвили на финалето се соочи со Русинот Андреј Рубљев со 2:1 во сетови, односно 7:5, 4:6, 6:3 во гемови. За Грузиецот денешната победата е трета по ред во неговата кариера, а освен двата трофеи од Хамбург, мината година славеше и на турнирот […]

Хамилтон на пол-позиција за Големата награда на Германија


Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Германија, која ќе се вози на Хокенхајмринг. Возачот на Мерцедес со време 1 час 11 минути и 767 стотинки ја постигна својата четврта годинешна пол-позиција, односно 87-а во својата кариера, со што стана најголемиот фавори за победа на утрешната трка. Втор […]

ЕП 2019 за фудбалерки до 19 години: Финалето за македонската судијка Ивана Пројковска


Најдобрата македонска фудбалска судијка Ивана Пројковска ја доби честа да дели правда во финалето на Европското првенство за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска. Пројковска се покажа во одлично издание во мечевите Англија – Германија (1:2) и Франција – Норвешка (3:3) во групната фаза, во полуфиналето меѓу Германија и Холандија (3:1) беше […]