ЕП 2019 за фудбалерки до 19 години: Финалето за македонската судијка Ивана Пројковска


Најдобрата македонска фудбалска судијка Ивана Пројковска ја доби честа да дели правда во финалето на Европското првенство за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска. Пројковска се покажа во одлично издание во мечевите Англија – Германија (1:2) и Франција – Норвешка (3:3) во групната фаза, во полуфиналето меѓу Германија и Холандија (3:1) беше четврти судија што беше доволно да стигне и до најголемото признание во нејзината кариера.

За титулата на ЕП 2019 во Шкотска ќе играат Франција – Германија (недела, 17 ч.). Асистенти на Пројковска, која е во првата категорија судијки на УЕФА, ќе бидат Естонката Каролина Калвоја и Романката Александра Теодора Апосту