Отфрлен случајот за силување против Нејмар


Полицијата во Сао Паоло ја затвори истрагата против фудбалерот Нејмар да Силва за силување поради недостиг на докази.
Манекенката Наила Триндаде го обвини Нејмар за сексуален напад во мај во Париз.
Фудбалерот на ПСЖ ги негираше обвиненијата и тврдеше дека тоа е обид за изнуда. Тој на Ватсап објави пораки и фотографии што ги добивал од манекенката.
Во видеообраќањето до јавноста на Инстаграм истакна дека морал да ги објави јавно за да докаже дека ништо не се случило.
Потоа госпоѓица Триндаде излезе во јавност со интерјву на телевизија кога објави фотографии и видео-снимка која наводно ја прикажува кавгата меѓу нив двајца.
Полицијата потоа поднесе тужба за клевета против манекенката, која наводно инсинуирала дека силите на редот се корумпирани.
Нејзиниот случај одбија да го преземат неколку адвокати. Тужителите имаат 15 дека да го проценат случајот пред судијата да донесе конечна одлука.
Неодамна и Кристијано Роналдо беше ослободен од обвинение за силување манекенка во Лос Анџелес во 2009 година.