Баерн уверен дека ќе го има Сане


Тренерот на Баерн Минхен Нико Ковач изјави дека е уверен дека фудбалерот на Манчестер Сити, Лерој Сане, ќе го засили неговата екипа ова лето.

„Скај Германија“ соопшти дека претставниците на Бајерн имале позитивни разговори со менаџерот на Сане за неговиот трансфер во Алијанс арена.

– Лерој е многу добар играч, го сакаме и клубот работи на тоа, и јас сум убеден дека можеме да го донесеме”, ја пренесуваат британските медиуми изјавата на Ковач.

Сане се уште не донел одлука, ниту пак некој од неговите претставници се огласил по ова прашање. Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во петокот рече дека нема намера да го продаде овој 23-годишен фудбалер.