Шкендија одигра нерешено против Дуделанж


Македонскиот шампион КФ Шкендија, вечерва во Луксембург одигра нерешено против Дуделанж со резултат 1:1, но тоа не беше доволно за да ги продолжи европски натпреварувања оваа сезона.

 

Фудбалерите на Шкендија заминаа за Луксембург со голема желба да направат пресврт на вкупниот резултат, откако во Скопје на домашен терен беа поразени со резултат 1:2.

Со таква желба Тетовци и влегоа на теренот и доминираа во првото полувреме, имаа многу шанси и удар во пречката, но никако да постигнат гол, така што на одмор се отиде без голови 0:0. Во второто полувреме Шкендија веќе немаше што да брани па се впушти во офанзива, која скапо ја чинеше во 81 минута, кога преку Делгадо ги згасна сите надежи за нашиот шампион.

До крајот на натпреварот, домаќинот се погрижи да нема промена на резултатот 1:0, но Шкендија не се предаде и успеа да изедначи во последната минута од натпреварот преку Ибрахими.

Во однос на вечерашниот натпревар треба да се наведе сомнителното судење во Луксембург, поради кое нашите фудбалери експресно последните 10 минути добија дури три црвени картони, со што Шкендија го заврши натпреварот без тројца Играчи, Муслиу, Нафиу и Ибрахими.