Далила Мухамад – новата атлетска ѕвезда: Изгледа како божица, трча како молња


Светската атлетика има нова ѕвезда. Американката Далила Мухамад (29) продолжи со својата доминација во трките на 400 метри со пречки. На Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година се закити со злато, а викендот, во рамки на националното првенство на САД, стана и светска рекордерка. Делницата ја мина за неверојатни 52,20 секунди со што го надмина најдоброто планетарно остварување во дисциплината на Русинката Јулија Печонкина, но и како најава за нов напад на злато и на светски рекорд на претстојниот мундијал во Доха.

„Во шок сум“, беше коментарот на Мухамад по настапот на стадионот „Дрејк“ во американската сојузна држава Ајова.

„Овој рекорд нема да трае долго. Ако не го соборам јас, ќе го собори некоја друга атлетичарка“, додаде 29 годишната Американка од Њујорк.

Мухамад е четирикратна државна шампионка на 400 метри со пречки. Освен оваа сезона, таа беше недопирлива на национално ниво и во 2013 година, во 2016 година и во 2017 година и згора на тоа е само втора атлетичарка, по Сели Ганел, што истовремено е сопственичка на олимписко злато и на светски рекорд во дисциплината.

Дека ќе има забележителна атлетска кариера најави уште во 2007 година со победата на Светското младинско првенство на која додаде сребрени медали и на мундијалите во 2013 година во Москва и во 2017 година во Лондон. Честопати споделува фотографии на социјалните мрежи, но без вулгарности за што, според нејзините најблиски, упатува на скромност како дел од карактер