Евра објави крај на кариерата

Ветеранот Патрис Евра го објави крајот на неговата фудбалерска кариера. 38-годишниот лев бек сподели дека сака да добие лиценца и да тренира тим.

– Мојата кариера е официјално завршена. Во 2013 година ја започнав обуката за добивање лиценца на УЕФА за категорија Б. Сакам да ја завршам, а потоа да добијам лиценца А. По година и пол, ако се оди според планот, ќе бидам подготвен да раководам со тим, изјави Евра, цитиран од „Газета дело Спорт“

За време на неговата кариера, дефанзивецот играше за Јувентус, Монако, Марсеј, Манчестер Јунајтед и Вест Хем. Со „црвените ѓаволи“ стана петпати шампион на Англија и еднаш ја освои Лигата на шампионите.

Неговиот последен клуб беше Вест Хем, за кој одигра пет натпревари во 2018 година.