Ренова и Шкендија одат во второто коло од Лига Европа, Шкупи елиминиран


Две од трите македонски екипи изборија пласман во 2. квалификациско коло во Лигата на Европа. Ренова забележа победа на гостувањето во Ерменија кај Алашкерт, додека во Азербејџан, македонските тимови имаа половичен успех. Шкупи пружи достоен отпор во Баку, иако загуби од апсолутниот фаворит Нефчи, додека Шкендија во Сумгаит го надигра истоимениот тим. Резултати: Алашкерт – […]

Ако замине Меси, во Барселона доаѓа Мане?


Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане би можел да ја продолжи кариерата во Шпанското фудбалско првенство. Според тамошните медиуми, придружбата на 28-годишниот Сенегалец им ги понудила на Барселона услугите на играчот. Трансферот на Мане може да се случи во случај напаѓачот Лионел Меси да го напушти каталонскиот тим. Претходно беше објавено дека 33-годишниот Аргентинец го бараат […]

Поради ова злосторство застана НБА-лигата: Цела Америка со денови во шок!


Кошаркарите повеќе не сакаат да играат поради ова стрелање. Тие не можат да играат кошарка додека ваквите злосторства се случуваат во нивната околина. Синоќа први изреагираа играчите  на Милвоки, и тие решија да не излезат на натпреварот во плеј-офот поради стрелањето на Џејкопб Блејк во полициската интервенција. Злосторството се случи во Висконсин, на околу 60 […]

Се огласи Флавио Бријаторе од болница: Mилијардерот откри во каква состојба е


Странските медиуми објавија дека Флавио Бријаторе е позитивен за вирусот корона и дека се наоѓа во сериозна состојба. Италијанскиот милијардер се јави од болничкиот кревет и ги негираше овие обвинувања и посочи дека е хоспитализиран поради воспаление на простатата и дека сè уште ги чека резултатите од тестот за корона вирусот. „Дојдов во болницата во […]

Манчестер Сити верува дека има шанси да го донесе Меси


Манчестер Сити верува дека има шанси да Лионел Меси да потпише со нив откако напаѓачот ѝ кажа на Барселона дека сака да си замине. Пеп Гвардиола беше менаџер на Меси во Барселона четири неверојатно успешни сезони од 2008-12 година и би сакал повторно да се соедини со 33-годишниот играч. Тој никогаш не очекувал Меси да […]

Почина тренерот на Јагодина што го удри гром


  Тренерот на Јагодина Стефан Павлович (29), почина една недела откако го удри гром додека ги тренираше децата на стадионот ФК Јагодина. Како што јави српски Телеграф, тој починал во вторникот. Павловиќ го удри гром минатиот вторник околу 18.40 часот. Брзо беше превезен во болницата во Јагодфина и беше клинички мртов. Другиот ден го префрлија […]

Зошто Меси ја напушта Барселона


Се појавија информации за тоа зошто напаѓачот на Барселона, Лионел Меси одлучи да го напушти тимот. Според голем број шпански медиуми, вклучително и „АС“ и „Депорте Куатро“, новиот главен тренер на Барселона, Роналд Куман, се сретнал со Меси и му рекол дека веќе никој нема да има привилегии и уживање во тимот. Се посочува дека […]

Меси ѝ соопштил на Барселона дека сака да замине, но се соочува со правна битка


Лионел Меси ѝ соопштил на Барселона дека сака веднаш да го напушти клубот – и тоа со бесплатен трансфер. Аргентинецот, кој според радио RAC1 му кажал на новиот менаџер Роналд Куман дека се чувствува повеќе надвор од клубот отколку во него, испратил факс до Барселона, во кој ги известил за неговата желба да замине, пишува […]

Познатиот Флавио Бријаторе го негираше вирусот, сега е во болница во комплицирана состојба


РИМ – Флавио Бријаторе, еден од најблескавите бизнисмени во Италија, кој ги напаѓаше ограничувањата за спречување на епидемијата со Ковид-19, беше хоспитализиран во вторникот, откако беше тестиран позитивно за оваа болест, се вели во соопштението на неговиот персонал. Бријаторе (70) стана познат како менаџер на тимот во Формула 1 во 1990-тите и 2000-тите, а ги […]

Ѓоковиќ во септември ќе се искачи на второто место по број на недели поминати на врвот на АТП ранг листата


Англија– На 17-кратниот освојувач на Грен слем турнирите, Новак Ѓоковиќ му е гарантирано второто место на листата со најдолг стаж на врвот на светската ранг-листа. Сега Србинот ја поминува 283-тата недела како број 1, а на 21 септември ќе го помине Пит Сампрас, кој беше прв рекет на светот 286 недели. Ваквиот резултат на Ѓоковиќ му […]

Стоилов има корона вирус, Вардар без капитенот против Нексе


Играч на РК Вардар е позитивен на коронавирусот. Поради овој случај сите играчи и членови на стручниот штаб повторно заминале на тестирање. Резултатите ќе покажат дали уште некој е заразен со вирусот. Ракометарите на Вардар од почетокот на подготовките два пати беа тестирани и тогаш сите резултати беа негативни. Македонскиот ракометен шампион Вардар на претстојниот […]

Усеин Болт – ниту најбрзиот човек на светот не му „побегна“ на корона вирусот


Ниту најбрзиот човек на светот, Усеин Болт (34) од Јамајка, не му „побегна“ на корона вирусот. Поранешната атлетска суперerѕвезда е позитивен на корона вирусот, јавуваат јамајканските медиуми. Засега не е јасно дали има симптоми, но следните две недели ќе ги помине во самоизолација. Пред неколку дена во родната Јамајка, Болт го прослави својот 34 роденден […]

Баерн го совлада ПСЖ и по шести пат стана европски фудбалски шампион


Фудбалерите на Баерн Минхен се победници во Лигата на шампионите за сезоната 2019/20 година. Во последниот натпревар од елитното натпреварување за оваа сезона, Баварците вечерва во Лисабон го совладаа Пари Сен-Жермен со 1:0. Стрелец на голот вреден трофеј во Лигата на шампионите беше Кингсли Коман во 59. минута. Завршницата на Лигата на шампиони, поради пандемијата, […]

Силекс го „потопи“ Вардар за лидерско место на табелата во ПМФЛ


Екипата на Силекс е нов лидер во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево забележа убедлива победа на гостувањето кај Вардар. Три бода денес на своето конто додаде и Струга по минималната победа над Борец, додека во Битола, Пелистер и Работнички ремизираа. Резултати 3. коло ПМФЛ: Пелистер – Работнички 0:0 Струга Трим Лум – Борец 1:0 […]

Лига на шампиони: Француско – германски фудбалски самит


Денешниот француски печат опширно се задржува на француско-германското финале меѓу ПСЖ и Баерн-Минхен во Лигата на шампионите, поради кое вечерва авенијата Шанзелизе ќе биде резервирана само за пешаците, јави дописникот на МИА. Францускиот печат зборува за „француско-германски самит“, тоа е насловот на спортскиот весник „Л’Екип“, кој насловот го придружува со фотомонтажа на која Килијан Мбапе […]

Претседателот на УЕФА сака да ја задржи шемата „Фајнал 8“ во евро-куповите


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изрази мислење дека шемата за плејоф во евро-куповите за еден натпревар изгледа ветувачка и организацијата треба да размислува за воведување на ваков систем следните сезони. Оваа сезона, поради пандемијата на коронавирус, натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа од четвртфиналето се играа по систем „Фајнал 8“, односно по […]

Синиша Михајловиќ има коронавирус


Италија – На последниот тест, српскиот тренер Синиша Михајловиќ се тестираше позитивно за коронавирусот, објави неговиот клуб Болоња во неделата. Михајловиќ во петокот се врати во Болоња, а потоа веднаш беше тестиран за вирусот. Тестот на српскиот селектор беше позитивен, а тој во моментов нема симптоми и ќе биде во изолација наредните две недели, што го […]

Мурињо задоволен од селекцијата


Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изрази задоволство од селекцијата, иако клубот привлече само двајца играчи. Пјер-Емил Хојберг пристигна од Саутемптон, а Џо Харт потпиша како слободен агент и беше ангажиран како резервен голман. Вчера „спарси“ ја одиграа својата прва контролна од предсезонските подготовки. Тие го совладаа Ипсвич со 3:0, а двете нови засилувања учествуваа на […]

Започна чистката во Јувентус, Пирло ги „шкртна“ Игуаин и Кедира


Андреа Пирло, новиот тренер на Јувентус, веќе започна со драстични промени во играчкиот кадар на италијанскиот шампион. Според медиумите на Апенините, Пирло им се заблагодарил на двајцата фудбалери – Гонзало Игуаин и Сами Кедира. И на двајцата играчи им останува уште една година од своите договори, а клубот во моментов бара начин како да се […]

Дончиќ за повредата: Имав среќа што не беше десниот зглоб


Кошаркарите на Далас беа поразени во третиот натпревар од четвртфиналната плеј-оф серија на Западот од Л.А. Клиперс, но за да се влошат работите за тексашаните, се повреди Лука Дончиќ. Словенечкиот кошаркар, еден од најдобрите во тимот на Далас, мораше да го напушти теренот на четири минути пред крајот на натпреварот. Во третата четвртина, во обид […]