Украинцот Шевченко победник на Скопскиот маратон, Ивановски втор

Украинецот Серхи Шевченко е победник на овогодинешното издание на „Скопскиот маратон“. Со личен рекорд од 2:22:49 секунди, Шевченко ја прекина 10-годишната доминација на Кенијците поради нивното отсуство годинава.

На второто место заврши нашиот атлетичар Дарио Ивановски, кој заостана речиси две минути зад украинскиот маратонец, со време од 2:31:16 секунди, кое му обезбеди победа на државното првенство во маратон.

На трето место заврши Кристијан Тошиќ кој целта ја мина по истрчано време од 2:39:47 секунди. Најдобро време кај жените имаше албанската атлетичарка, Луиза Гега, која истрча за 2:35:34 секунди.

Полумаратонската трка во женска конкуренција ја доби нашата атлетичарка Миљана Ристиќ, а кај мажите македонскиот атлетичар Атанас Анчевски. Во маратонот учествуваа околу 1500 тркачи. На маратонот немаше ниту еден учесник од африканскиот континент поради корона-вирусот и рестрикциите за патувања.