Извлечени групите за Лигата на шампионите – Роналдо излегува против Меси


Групите за новата сезона во Лигата на шампионите станаа факт и се повеќе од интересни. Можеби врв на оваа фаза од турнирот е конфронтацијата помеѓу Барселона и Јувентус, кои паднаа заедно во групата „Г“.

На овој начин, љубителите на фудбалот повторно ќе бидат сведоци на ривалството помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Другите две екипи во нивната група се Динамо Киев и Ференцварош.

Интер на Антонио Конте ќе се натпреварува со Реал Мадрид, а Шахтјор Доњецк и цврстата германска екипа на Борусија Менхенгладбах ќе им прават друштво во групата „Б“.

Шампионот Баерн Минхен имаше тешка ждрепка и ќе игра во групата „А“ со Атлетико Мадрид, Ред Бул Салцбург и Локомотив Москва.

Англискиот шампион Ливерпул ќе ги одмери силите со Ајакс, Аталанта и Митјиланд во групата „Д“, додека групата „Х“ ни обезбедува возбудливи дуели меѓу екипите на Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, РБ Лајпциг и Истанбул Басакшехир.

Групна фаза во ЛШ за сезоната 2020/21:

Група „А“: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Ред Бул Салцбург, Локомотив Москва.

Група „Б“: Реал Мадрид, Шахтјор Доњецк, Интер, Борусија Менхенгладбах.

Група „Ц“: Порто, Манчестер Сити, Олимпијакос, Олимпик Марсеј.

Група „Д“: Ливерпул, Ајакс, Аталанта, Митјиланд.

Група „Е“: Севиља, Челси, Краснодар, Рен.

Група „Ф“: Зенит, Борусија Дортмунд, Лацио, Бриж.

Група „Г“: Јувентус, Барселона, Динамо Киев, Ференцварош

Група „Х“: Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, РБ Лајпциг, Истанбул Басакшехир.