Анчелоти, Клоп, Роџерс и Смит номинирани за најдобар менаџер во Премиер лигата во септември


Премиер лигата ги именуваше претендентите за најдобар тренер на лигата во септември.

Кандидати се Карло Анчелоти (Евертон, 9 бода од 3 натпревари), Јирген Клоп (Ливерпул, 9 бода од 3 натпревари), Брендан Роџерс (Лестер Сити, 9 бода од 3 натпревари) и Дин Смит ( Астон Вила 6 бода од 2 натпревара).

Гласањето ќе трае до 5 октомври. Во него ќе учествуваат навивачи и фудбалски експерти.