„Група на смртта“ за Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа


Екипата на Еурофарм Пелистер ја доби „групата на смртта“ во Лигата на Европа по денешната ждрепка за групната фаза.

Тимот од Битола ќе се соочи со германски Рајн Некар Левен, а за противник ќе ги има и Татабања, Кадетен Шафхаузен, ГОГ од Данска како и Тримо Требње.

Првите натпревари во Европската лига се играат на 20 октомври, а првите четири тимови од секоја група се пласираат во осминафиналето.

Група Д:

Татабања
Кадетен
Еурофарм Пелистер
Рајн Некар
ГОГ Гудме
Тримо