Федерер ќе настапи на Австралија опен


Австралија– Роџер Федерер, играчот со најмногу Гренд слем титули, ќе настапи на Австралија опен.

Првиот човек на тој турнир, Крег Тили, објави дека Швајцарецот потврдил дека ќе игра во Мелбурн.

Тој ја пропушти скоро целата година поради операција на коленото.

– Роџер потврди дека ќе биде тука. Тука ќе биде и Серена Вилијамс. Возбудени сме од тоа, изјави Тили.

Како што истакна, одржувањето на Ролан Гарос ги охрабрува организаторите на Австралија опен дека сè ќе оди добро во услови на пандемија на коронавирус.

Тој исто така изјави дека очекува дека на трибините ќе има помеѓу 25 и 50 проценти од капацитетот на трибините во паркот Мелбурн.

– Се надеваме и дека другите големи играчи ќе го потврдат нивното доаѓање. Разговараме со нив секоја недела, истакна Тили.

Според него, подготовките ќе започнат во средината на декември, а се очекува по двонеделен карантин, тие да бидат ставени во „меур“.

Австралија опен треба да започне на 18 јануари и да трае до 31 јануари.