Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, попладнево го објави списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на средбата со Словенија во првото коло од Европското првенство. Од присутните во Унгарија, во составот на „црвено-жолтите“ ќе ги нема централниот бек Марко Митев и голманот Благојче Трајковски. Лазаров кој е и капитен на […]

Гледај Европско на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол


Со новата 2022ра, започна листањето на нови резолуции за новогодишни желби, шопинг листи и планови, а со почетокот на истата, започна и финалното одбројување до долгоочекуваното Европско Првенство во ракомет 2022 во Унгарија и Словачка (Men’s EHF EURO 2022). Од 13ти до 17ти јануари 2022 година, на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол во Скопје, секој фан и љубител на […]

Ѓоковиќ доби противник во првото коло на АО, што ќе биде со ждрепката ако биде депортиран


Се чини дека Австралија ја одложи одлуката за депортација на Новак Ѓоковиќ. Додека се очекуваше министерот Алекс Хок да одлучи за неговата судбина и настап на Австралија опен овој четврток, премиерот Скот Морисон во попладневното обраќање до нацијата рече дека се уште размислува. Подоцна во текот на денот протече дека дефинитивно нема да има одлука […]

Почнува Европското првенство во ракомет – седмо учество за македонската репрезентација


Европското првенство во ракомет за мажи 2022 година ќе биде 15. издание на турнирот, второ на кое ќе учествуваат 24 репрезентации, и седмо за македонската репрезентација. Домаќини на годинашното ЕП се Унгарија и Словачка. Северна Македонија обезбеди место на собирот преку квалификациите и ја чекаат три средби во првата, групна фаза, против селекциите на Словенија, […]

Почина Стејепан Ламза, најголемиот идол на навивачите на Динамо


  Прославениот фудбалее на загрепски Динамо, Стјепан Ламза, почина на 81 година. Тој беше еден од најголемите, а можеби и најголемиот идол на навивачите на Динамо. Ламза беше феноменален фудбалер. Тој беше талент од бразилскиот формат. Ламза беше левучар кој можеше сѐ со топката, дури и повеќе. Во поранешна Југославија сите беа воодушевени од дриблингот […]

Шпанската полиција го истражува доаѓањето на Ѓоковиќ во Марбелја


  Шпанскoто радио „Копе“ јавува дека тамошната полиција добила наредба од владата да истражи како невакцинираниот тенисер влегол во таа земја. Како причина за расветлување на престојот на првиот светски рекет во Марбелја, од 31 декември до 3 јануари, кога преку Дубаи заминал во Мелбурн, се наведува дека српските државјани не смеат да влезат во […]

Премиерката Брнабиќ го повика Ѓоковиќ да го објасни своето однесување


  Српската премиерка Ана Брнабиќ го повика Новак Ѓоковиќ да го објасни своето однесување во Србија во декември, кога тврдеше дека е заразен со корона вирус. „Ако Ѓоковиќ излегувал со знаење дека има позитивен ПЦР тест за корона вирус, тоа е јасно кршење на правилата во Србија“, рече Брнабиќ во интервју за Би-Би-Си. Скандалот започна […]

Францускиот новинар ги објави деталите од интервјуто, Ѓоковиќ не им кажал дека е позитивен


  На новинарот и фотографот што работат за L’Equipe не им било кажано дека Ѓоковиќ е позитивен на ковид пред, за време или по интервјуто со тениската ѕвезда во Белград, објави францускиот спортски весник во средата. Новинарот Франк Рамела и фотографот Етјен Гарние објавија дека Ѓоковиќ изгледал „добро“, пишува во статијата, и покрај тоа што […]

Линдзи Вон спортот го замени со мода: Гучи е мојата нова љубов


САД- Од појавувањето на виртуелната ревија на Том Браун за есен 2022 година до гостинка во првиот ред на ревијата на Гучи -Парадата на љубовта во ноември, поранешната професионална скијачка Линдзи Вон максимално го користи своето време по пензионирањето, запознавајќи се поблиску со светот на модата. И таа целосно ги прикажа своите позирачки вештини на […]

Покетино сè уште е во таен контакт со Манчестер јунајтед


Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, останува заинтересиран да работи во Манчестер јунајтед. Според „Le Parisien“, Аргентинецот се уште е во таен контакт со Јунајтед во случај да може да го напушти Пари Сен-Жермен на лето. Негов главен конкурент е тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг. Да потсетиме, по оставката на Оле Гунар Солскјер од тренерската […]

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина


Американската скијачка Микаела Шифрин синоќа победи во слаломот од Светскиот куп одржан во австриски Шладминг. За неа ова беше 47-ма победа со што постави рекордот за најмногу триумфи во една дисциплина на Светскиот куп. Досегашен рекордер беше легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк, кој победи 46 пати во велеслалом. Шифрин двете трки во Шладминг ги заврши со […]

Ѓоковиќ призна дека знаел за позитивниот ПЦР тест кога давал интервју


Српксиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска на Инстаграм детално објасни зошто не бил во изолација откако бил позитивен на тест за Ковид-19 во декември, и рече дека неговиот агент направил грешка кога ја пополнил неговата декларација за патување во Австралија. „Сакам да нагласам дека вложив сериозни напори за да ја осигурам безбедноста на сите и да […]

Ѓоковиќ и Барти први носители на Австралија Опен


Австралија– Организаторите на Австралија Опен ги објавија носителите на првиот календарски грен – слем турнир, што идната недела почнува во Мелбурн. Бранителот на титулата и деветократен победник на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, го има статусот на прв носител во машка конкуренција. Втор е Русинот Дмитри Медведев, додека трет носител е Германецот Александер Зверев. Во женска конкуренција, за […]

Поранешниот турски репрезентативец Ахмет Чалик загина во сообраќајна несреќа


Поранешниот член на турската фудбалска репрезентација Ахмет Чалик загина на 27. годишна возраст во сообраќајна несреќа, објави денеска неговиот клуб Коњаспор. Турските медиуми јавија дека Чалик настрадал во несреќа што се случила на автопат во близина на Анкара, каде фудбалерот требало да ги заврши последните подготовки за својата свадба. Чалик од 2011 до 2017 година беше член на Генчербирлиги, […]

Лазаров го објави списокот на ракометари кои тргнаа на ЕП 2022


Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, попладнево го објави списокот на играчи кои предмалку тргнаа на Европското првенство во унгарски Дебрецин. На списокот на Лазаров се најдоа: голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски централни бекови : Филип […]

Австралија истражува дали Ѓоковиќ можеби лажел околу патувањата


  Австралиските гранични сили истражуваат дали Новак Ѓоковиќ неточно изјавил дека не патувал и дека нема да го стори тоа две недели пред неговиот лет за Австралија, во најновиот пресврт во сагата за укинување на визата на тениската ѕвезда. Се отворија прашања во врска со изјавата пополнета од агентот на Ѓоковиќ, при што на социјалните […]

Австралиски тенисер игра, а може е позитивен на корона, никој не го тестира


  Австралискиот тенисер Бернард Томиќ, кој има босански корени, изгуби од Русинот Роман Сафиулин во првото коло од квалификациите за Австралија опен, а во текот на последниот меќ рече дека се чувствува лошо и дека мисли оти е заразен со корона вирусот. Тој вели дека неговата здравствена состојба не може да се провери затоа што […]

Пет позитивни во македонската репрезентацијата пред тргнувањето на ЕП


Во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство, македонските репрезентативци утрово ќе го одработат последниот тренинг пред заминување во Дебрецин. Во текот на подготовките согласно протоколарниот режим на тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, беа извршени ковид ПЦР тестирања во три наврати. Според резултатите од вчерашните ПЦР тестирања направени во овластена лабораторија за сите членови […]

Раководството на Џенова одлучи да му даде уште една шанса на Шевченко


Тренерот на Џенова, Андриј Шевченко ќе ја задржи функцијата во блиска иднина, пренесува „La Gazzetta dello Sport“. Италијанскиот спортски весник посочува дека управата на клубот одлучила засега да се воздржи од промени во стручниот штаб. Украинскиот стручњак ќе работи најмалку до осминафиналето од Купот на Италија против Милан, кое ќе се одигра на 13 јануари. […]

Мбапе поддржа осумгодишно девојче кое беше малтретирано на Твитер затоа што побара од играчот да остане во ПСЖ


Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе му изрази поддршка на девојчето кое беше малтретирано на социјалните мрежи. Станува збор за 8-годишната Камила, на која и е дијагностициран ВАКТЕРЛ синдром. Таа сними видеопорака во која му ја честита Новата година на играчот и го замолува да остане во ПСЖ. Објавата на Твитер доби многу навредливи пораки […]