(Видео) Погледнете дел од тренингот на Ибрахимовиќ


Челниците и навивачите на Милан со нетрпение ја очекуваат одлуката на Златан Ибрахимовиќ да ја продолжи кариерата. Легендарниот шведски фудбалер има 40 години, а договорот со Милан му истекува за неколку месеци.

Техничкиот директор на клубот Паоло Малдини верува дека Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот.

„Ибрахимовиќ знае што сака, никогаш не глуми. Тој знае каков договор може да добие со Милан. Ако мисли дека не може повеќе, тој ќе биде првиот што ќе го каже тоа. Но, мислам дека сака да продолжи. Ибрахимовиќ никогаш нема да биде товар за Милан, само може да биде добивка за клубот“, изјави Малдини.

А, дека популарниот Ибра е физички во извонредна кондиција  покажува и видеото како вежба, што го објави на Твитер. Заедно со видеото напиша само еден збор – трпение“, пренесе Дневник.хр.

Ова е трета сезона за шведскиот напаѓач во вториот негов мандат во Милан и на 66 натпревари постигна 36 гола. И покрај тоа што има 40 години, тој сè уште игра одлично.

За време на неговата клупска кариера, во која играше за Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Барселона, Ајакс, Интер, Јувентус постигна 510 голови.