Како Сенегал ги пречека новите африкански шампиони во фудбал (видео)


Неверојатни сцени пристигнуваат од главниот град на Сенегал по победата во финалето на Африканскиот куп на нации.
Стотици илјади навивачи се собраа во понеделникот на улиците на главниот град на Сенегал Дакар за да ја пречекаат фудбалската репрезентација по триумфот на Африканскиот куп на нации.

Сенегал го победи Египет со 4-2 во финалето на Африканското првенство во Јаунде во неделата со подобро изведување пенали и го освои Купот на нациите за прв пат во историјата.

Така Сенегал стана 15-та репрезентација која може да се пофали со титулата африкански шампион. Рекордер и понатаму е Египет со седум титули, Камерун пет пати беше африкански шампион, Гана четири, а Нигерија три пати …

Навивачите пристигнаа во Дакар со велосипеди, мотори, автомобили и пеш, што целосно ги затна фреквентните патишта. Властите го прогласија понеделникот за национален празник за да го прослават освојувањето на првиот Куп на нации.

„Каква игра! Каков тим. Успеавте. Прекрасен момент, убав момент на заедништво и национална гордост. Честитки за нашите херои“, напиша сенегалскиот претседател Маки Сал на социјалните мрежи, кој веднаш ја прекина својата прекуокеанска турнеја за да се приклучи на прославата. а во вторник има официјален прием за новите африкански шампиони. На приемот беа поканети и лидерите на опозицијата, а двете страни ја оставија настрана кавгата во последните месеци.

„Кога натпреварот заврши, едноставно беше неописливо. Луѓето скокаа, плачеа, се гушкаа“, изјави новинар на Би-Би-Си од Дакар.

Прославата започна веднаш по последниот свиреж во неделата навечер. Луѓето излегоа на улиците на Дакар, играјќи, пеејќи, веејќи знамиња. “
„Мислам дека Сенегал никогаш не видел такво нешто. Долго чекавме.

По тешки месеци на економска криза, здравствени ограничувања, политички немири, оваа победа беше „олеснување“, особено за младата популација, од која повеќе од половина се под 20 години.

Тоа беше долгоочекувана победа за Сенегал, кому ова му беше трет настап во финалето и прв трофеј, во 2002 година загубија на пенали  од селекцијата на Камерун, а пред три години од Алжир со 0-1.

„Јас ја следам репрезентацијата од 1970-тите и со години го чекав овој момент. Синоќа плачев со семејството, сопругата и децата“, изјави 60-годишниот Тиерно Ниане.

„Среќни сме и многу горди на нашите лавови. Нашите соништа се остварија“, додаде навивачката Амина Сисе.