Ставре Јада 86. на спринт трката во Пекинг


 

Македонскиот претставник во скијачко трчање Ставре Јада го зазеде 86-тото место во квалификациската трка во дисциплината слободен спринт за мажи во Пекинг.

Тој трката на 1,5 километри ја заврши со време 3:29.13, со заостанување од 44.10 секунди зад лидерот.

Јада го зазеде 86. место од вкупно 88 нaтпреварувачи.

Првопласиран беше Лукас Шанават (2:45.03), а зад него останаа Сергеј Устиугов (2:46.51) и Јоханес Хоесфлот Клебо (2:46.74).

Најдобрите 30 натпреварувачи се пласираа за четвртфиналето.