Руското чудо од дете позитивно на допинг


 

Руската лизгачка Камила Валиева (15), најзаслужна за екипното злато на овој тим, била позитивна на допинг тестот пред ЗОИ во Пекинг.

Таа земала триметаздин, лек кој се користи при срцеви заболувања.

Тоа, како што се наведува, ѝ помогнало да се зголеми протокот на крвта и да се подобри издржливоста, а овој лек се наоѓа на листата на забранети супстанци на Светската антидопинг агенција.

Валиева дала примерок од крв по Европското првенство во Естонија минатиот месец.

Уште не е јасно дали Русија ќе се жали, а нејзиното појавување на денешниот тренинг покажа дека ОК Русија не ја прифаќа оваа одлука, која би ја елиминирала од понатамошно натпреварување.

„Таа не е суспендирана“, вели портпаролката на ОК Русика, Олга Јермолина.

Позитивниот тест на Валиева може да ја чини Русија златен медал.

Најпознат случај на допинг со овој лек е оној од 2014 година коха кинеската пливачка ѕвезда Сун Јанг беше позитивен на него, а беше суспендиран на три месеци.