Трето злато за Ледецка, Карл ја комплетираше колекцијата


 

Естер Ледецка од Чешка и Австриецот Бејнамин Карл ги освоија златните медали во сноуборд во паралелен велеслалом.

Ледецка во финалето без грешка стигна до третото олимписко злато во кариерата.

Така успеа да го одбрани златото освоено во Пјонгчинг, во кој пред четири години го освои во скијачката дисциплина супервелеслалом.

Среброто го освои Австријката Даниела Улбинг, која во финалето со своите грешки ѝ ја олесни победата на ривалката.

Бронзата ѝ припадна на Словенката Глорија Котник, на која ова ѝ е прв медал на четвртите Игри во кариерата.

Во машка конкуренција, Карлв во финалето го доби дуелот со Словенецот Тим Мастнак.

Мастнак на стартот стекна предност, ја контролираше трката додека карл правеше грешки, а потоа следеше пресврт.

Словенецот пролизга и отиде предалеку и додека урлаше од фрустрација карл славеше злато.

Австриецот, на тој начин ја комплетира колекцијата олимписки медали по среброто од Ванкувер и бронзата од Пјончанг.

До бронза стигна рускиот натпреварувач Виктор Вајлд, двоен олимписки шампион од Сочи во паралелен слалом и велеслалом.