ЗОИ: Трето злато за Кина по триумфот на Гу во слободно скијање


Натурализираната Кинеска Ејлин Гу го освои првото место во слободно скијање дисциплина „Биг ер“. Таа утринава до златниот медал дојде со резултат 188,25 бодови.

Гу која е родена во Сан Франциско (САД) го обезбеди третиот златен медал за Кина на Олимпијадата во Пекинг, по што домаќините се лидери на листата медалисти.

Второто место и припадна на Тес Ледо од Франција со резултат 187,50 поени.

Трета заврши .Матилда Гремо од Швајцарија со освоени 182,50 поени.